Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сообраќајни ознаки кон непостоечка земја
Градови

Сообраќајни ознаки кон непостоечка земја

септември 5, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Минатата сабота во Преспа, илјадници луѓе се забавуваа до раните утрински часови со балканските мелодии (Албанија, Северна Македонија, Србија, Бугарија, Грција) и песните на енергичниот Василис Папаконстантину, како дел од настаните во рамките на Фестивалот Преспиа, кој навршува 30 години успешна организација.

Млади и стари од селата од Флорина, Касториа, Козани, Едеса, но и од соседните балкански земји дојдоа на прекрасното островче Агиос Ахилиос. И со душа се забавуваа. Луѓето на планинската граница имаат потреба од вакви културни вдишувања. Можеби нашите северни граници во текот на историјата беа поистоветени со етничка омраза и крвави територијални претензии, но локалните општества од двете страни на границата не престанаа да бидат поврзани со заеднички традиции и обичаи, кои како што се повлекува сомнежот, така се зајакнуваат и се отвораат повеќе канали за комуникација.

Во интерес на сите, особено на нашите луѓе во оддалечените области на Грција, е да се зближиме со нашите соседи, а во оваа равенка, ние сме оние кои играме со поголема моќ. Го имаме сфатено тоа? Судејќи по некои работи што се случуваат на граница, веројатно не.

На пример, на излез од градот Флорина, на пат кон граничниот премин Ники, на границата со Северна Македонија, таблите ги водат возачите кон една земја која не постои,ФИРОМ,  а понатаму една друга, постара, покажува кон Југославија!

Иста ситуација и на магистралниот пат од Неа Малгара Солун до Евзони, каде на таблите се уште пишува Скопје наместо Северна Македонија.

Меѓутоа, на истата локација на знакот не пишува Софија туку Бугарија, ниту Истанбул туку Турција.

Да поверуваме дека оние кои се одговорни за обележување на меѓународниот автопат не се информирани дека ФИРОМ повеќе не постои, а во меѓународните организации е регистрирана како Северна Македонија, име со кое и Грција официјално ја признава? Или можеби некои водат своја надворешна политика? Сите овие навистина веруваат  дека на овој начин ќе го поткопаат „ентитетот на Скопје“, кој во сегашната форма е камен- темелник во рамнотежата на балканската гранична карта и, во крајна линија, во мирот во регионот?

Во истата Преспа, која со право ја рекламираме како тринационална точка за средба (Грција, Албанија, Северна Македонија), многу дискутираниот граничен премин, за кој многумина веруваат дека ќе ја промени судбината на регионот, веќе со години „се отвора и затвора“ во лавиринтот на бирократијата, во моменти кога Северна Македонија веќе ги има подготвени капацитетите од своја страна. Случајност?

 

 

 

 

 

 

 

(Колумна на новинарот Ставрос Ѕимас објавена во весникот „Катимерини“)

актуелно Земја непостоечка ознаки сообракајни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.