Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Соработката меѓу државите е неопходна во развивањето на кризниот менаџмент – Петровска и Шарец на панел дискусија посветена на оваа значајна област
Македонија

Соработката меѓу државите е неопходна во развивањето на кризниот менаџмент – Петровска и Шарец на панел дискусија посветена на оваа значајна област

септември 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец кој престојува во официјална посета на Северна Македонија денеска учествуваа на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“. Свои излагања на панел-дискусијата имаа и првиот министер за одбрана, професорот Трајан Гоцески и доц. др. Весна Попоска.

На панел-дискусијата, министерката Петровска порача дека неопходно е во овој сегмент да учиме едни од други и да работиме и живееме едни со други, затоа што природните катастрофи стануваат се посурови, а адаптацијата е сè потешка.

„Пред две години, во екот на летните пожари, Словенија испрати 16 противпожарни возила и 46 пожарникари кои имаа клучна улога во справувањето со заканата и кои спречија загуба на човечки животи и материјална штета. Пред само неколку месеци, ние и бевме потребни на Словенија во справувањето со поплавите и нашата армија беше тука за словенечките граѓани, докажувајќи дека во справувањето со катастрофи нема мали и големи и земји, туку само големи луѓе и сериозни институции кои се поддржуваат едни со други секогаш кога е тоа потребно бидејќи само заедно, може да чекориме рамо до рамо напред низ животот и случувањата“, истакна Петровска

Министерката порача дека неопходно е националните механизми за кризен менаџмент и цивилна заштита постојано да се оценуваат и надградуваат за да можат да одговорат на потребите на граѓаните.

„Министерството за одбрана поведе иницијатива и е во фаза на мапирање на слабостите и изнаоѓање на решенија кои се соодветни, реални, економични и ефикасни и во догледно време штом заврши процесот на евалуација, до Владата ќе предложи реформа на системот за кризен менаџмент и цивилна заштита, согласно НАТО стандардите.  Во тој процес, примерот на Словенија ни е исклучително важен и извесно е дека тој би бил еден од прифатливите модели кои ќе ни послужат како рамковна политика“, порача Петровска.

На панелот министерот Шарец ги презентираше искуствата од поплавите кои ја зафатија Словенија во август и искрено и се заблагодари на министерката Петровска за сета важна поддршка што Република Северна Македонија и ја пружи на Словенија во овие тешки и неизвесни моменти.

Шарец го образложи словенечкиот модел на организација на кризниот менаџмент и порача дека државите мора да соработуваат едни со други бидејќи ниту една земја не може самостојно да се носи со овие предизвици. Заедно можеме сè, рече Шарец, и додаде дека Северна Македонија може секогаш да смета на Словенија за соработка во оваа област.

актуелно дискусија Панел Петровска шарец
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.