Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ: Орбан ја држи цела Европа во неизвесност
Европа

СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ: Орбан ја држи цела Европа во неизвесност

декември 13, 2023Updated:декември 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на државите членки на Европската унија ќе се соберат во четврток и петок во Брисел на самит кој сигурно е еден од најнеизвесните во последните неколку години.

На дневен ред е проширување и ревизија на седумгодишниот буџет, две теми за кои барем засега се уште не се надзира консензус.

Во средиштето на вниманието сигурно ќе биде унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој се заканува со вето на клучните одлуки.

Лидерите треба да одлучат за препораката на Европската комисија да се отворат пристапни преговори со Украина и Молдавија.

Иако оваа препорака е поддржана од 26 земји-членки, не е сигурно дека ќе биде усвоена бидејќи Унгарија се заканува со вето.

Меѓутоа, од Будимпешта доаѓаат сигнали дека би можеле да ја укинат блокадата за помошта за Украина доколку ЕУ ги одмрзне средствата кои им се замрзнати поради проблеми со владеењето на правото и демократските стандарди.

Балаш Орбан, политички директор во кабинетот на премиерот Виктор Орбан, во интервју за „Блумберг“ изјави дека се подготвени да го укинат ветото за помошта за Украина, но под услов сите замрзнати средства, кои се околу 30 милијарди евра, да бидат одмрзнати.

Комисијата во среда треба да ја соопшти одлуката за одмрзнување на 10 милијарди евра како награда за спроведените реформи во областа на правосудството.Одлуката е веќе подготвена и само се чека новите закони да бидат објавени во службениот весник во Унгарија, а од Комисијата велат дека тоа нема врска со претстојниот самит, туку дека само ги следат прописите.

Но, прашање е дали тоа ќе биде доволно за Виктор Орбан, затоа што и понатаму остануваат замрзнати нешто помалку од 12 милијарди заради проблеми поврзани со заштитата на човековите права, јавните набавки и академската слобода.

Исто така, остануваат уште 10,4 милијарди евра бесповратни средства и поволни заеми од фондот за закрепнување од пандемијата, кои се исплаќаат по спроведувањето на одредени реформи.

Пред состанокот на врвот на Европската унија, денеска попладне ќе се одржи самитот ЕУ-Западен Балкан.Европската унија треба уште еднаш да ја потврди европската перспектива на Западен Балкан и да им понуди постепена интеграција на овие земји во согласност со нивниот напредок во исполнувањето на критериумите.

ЕУ ќе побара од партнерите од Западен Балкан целосно да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, која главно се однесува на санкциите против Русија.

Во својот пакет за проширување објавен на 8 ноември, Европската комисија му препорача на Европскиот совет, односно на шефовите на држави или влади, да одобрат почеток на преговори со Украина и Молдавија, а за Босна и Херцеговина даде условна препорака, односно најави дека ќе препорача отворање на преговорите „тогаш кога земјата ќе постигне доволен степен на усогласеност со критериумите за членство“.

Украина има поддршка од 26 земји-членки, но не постои консензус кој е потребен за одлука затоа што Унгарија се противи.

Што се однесува до Босна и Херцеговина, таа има силна поддршка од група земји меѓу кои се Хрватска, Словенија, Австрија и уште неколку други, но ни за тоа нема согласност.

Што се однесува до ребалансот на седумгодишниот буџет, Комисијата на 20 јуни годинава предложи негово зголеми за 66 милијарди евра за периодот до 2027. Но, нема изгледи предлогот да биде прифатен во таа форма.

Во тој предлог се предвидува воспоставување на наменски „инструменти за Украина“ во износ до 50 милијарди евра за периодот 2024-2027 година во форма на грантови и заеми, од кои 33 милијарди се поволни заеми и 17 милијарди се бесповратни средства.

За управување со миграцијата, Комисијата побара дополнителни 15 милијарди евра и десет милијарди за Европската платформа за стратегиски технологии (STEP), која има за цел да ја промовира долгорочната конкурентност на Унијата во областа на клучните технологии и да ги реши последиците од сè почестите големи природни катастрофи поради климатските промени.

Државите-членки се поделени околу предлогот на оние побогатите кои во буџетот плаќаат повеќе отколку што добиваат од него и посиромашните кои добиваат повеќе отколку што плаќаат во буџетот. Побогатите земји сакаат да се одвојуваат што помалку свежи пари и покривањето на новите трошоци и потребите да се обезбеди со прераспределба на постоечките средства. Од друга страна, посиромашните земји-членки се противат на прераспределбата бидејќи затоа што би можеле да бидат доведени во прашање средствата кои се за нив наменети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АПА)

актуелно балкан буџет Виктор Орбан Европа самит Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.