Македонската банкарска асоцијација денеска ќе биде домаќин на 46-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација. Состанокот ќе се одржи во Скопје.
На средбата, покрај претставниците на асоцијативните членки, ќе присуствуваат и Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација и Џовани Сабатини, претседавач на асоцијативните членки и член на извршниот одбор на Европската банкарска федерација.







