Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Состанок на Заев со Светска банка: Мерките на Владата ги ублажија последиците, на долг рок фокус кон забрзан економски раст
Економија

Состанок на Заев со Светска банка: Мерките на Владата ги ублажија последиците, на долг рок фокус кон забрзан економски раст

ноември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владините мерки за поддршка на реалниот сектор како и заложбите за помош на најранливите категории во услови на здравствено-економска криза со фокус на идните заложби за стимулирање на националната економија на долг рок, беа тема на онлајн состанокот на премиерот Зоран Заев, министрите за финансии Фатмир Бесими и за економија Крешник Бектеши со Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово и Кун Давидсe, извршен директор во Одборот на директори на Групацијата Светска банка во Вашингтон.

На состанокот, како што соопштија од владината прес-служба, во фокусот била дискусијата за важноста на анализата заснована врз реални истражувања за информирање на одлуките за политиките кон кои треба да се насочат владините активности со крајна цел продолжување и одржување на правичен и одржлив раст.

Премиерот Заев ја истакна посветеноста на Владата за справување со предизвиците на краток како и обезбедување услови за побрзо економско опоравување на среден и долг рок, притоа потенцирајќи на важноста од соработка со Светска банка како стратешки партнер, кој обезбедува голема поддршка за државата.

Од страна на Светската банка е нотирано дека владините мерки ги ублажија негативните ефекти од кризата и е нагласено дека заедничката соработка во однос на предлог-мерките согласно светските искуства и преземената акција особено во делот на субвенционирање на платите резултираа со зачувување на работните места во микро, малите и средните претпријатија. Дополнително, мерките донесени од Владата го олеснија влијанието врз сиромашните, што е и потврдено со пониски стапки на раст на сиромаштијата од очекуваните.

Во разговрите е истакната важноста домашните компании да ја подобрат конкурентноста и продуктивноста за постигнување посилен економски раст во иднина.

Во таа насока, поддршката за компаниите треба да биде насочена кон дигитализацијата, технолошки развој, подобрување на капацитетите за управување, поддршка на диверзификација на извозот, како и спроведувањето на европскиот зелен договор. Дополнително, регионалниот развој е од голема важност за економски напредок, како и зајакнување на женското претприемништво.

На состанокот е разговарано за важноста на одржливи инвестиции во образованието и човечкиот капитал, поттикнување на иновативноста за отворање нови работни места и инвестиции. Конечно, на дискусијата е истакнато дека за натамошен развој и унапредување на деловниот амбиент од особена важност е привлекувањето и задржување инвестиции со поголема додадена вредност, подобрување на пристапот до финансии, како и намалување на конкуренција од неформален сектор и сузбивање на корупцијата.

актуелно влада економија Заев мерки Светска банка состанок ублажување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.