Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со воз по 700 патници дневно, пандемијата ја одложи и сезонската линија Белград-Скопје-Солун
Македонија

Со воз по 700 патници дневно, пандемијата ја одложи и сезонската линија Белград-Скопје-Солун

јуни 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во домашниот железнички сообраќај во јуни дневно во просек има околу 700 патници. Во товарниот и покрај намалувањето на обемот на работа од 24,5 проценти во март, не е намален бројот на клиенти и се склучени два нови меѓународни договори за транспорт, изјавија за МИА од Железници на РСМ Транспорт.

Просечниот дневен број на патници со воз во услови на пандемија месецов е двојно помал од бројот во истиот период лани кога со воз патувале по 1 500. На почетокот на пандемијата во март и во април на домашните патнички линии дневно имаше по 200 патника.

И во железничкиот патнички сообраќај, како и во меѓуградскиот и јавниот превоз е во сила мерката за ограничување на капацитетот на превозот за 50 проценти, односно со два метра растојание меѓу патниците.

Со мерките на Владата се укинати бесплатните билети за пензионерите и студентите во тек на викендите, а тие патници значително го зголемуваа вкупниот број.

Пандемијата го одложи и функционирањето на  меѓународната сезонска линија Белград-Скопје-Солун-Белград, што требаше да стартува на 12 јуни.

Железници на РСМ Транспорт во координација со Србија воз и грчки ТРАИНОСЕ  процениле дека не постојат услови за непречен проток на патници. Со тој меѓународен воз што е во функција од јуни до 20 септември лани дневно патувале по 30 патника.

– Бидејќи во моментот не постојат услови за непречен проток на патници кои би патувале со возовите 1335/1334 на релација Белград – Скопје – Солун – Белград, во координација со Србија воз и грчки ТРАИНОСЕ , се одложува почетокот на сообраќај на овие возови до усогласување на ставовите на железничките управи на превозниот пат и создавање услови за непречен сообраќај, појаснуваат од Железници на РСМ Транспорт.

За товарниот железнички превоз, според податоците на ЖРСМ Транспорт, по растот од 29 проценти во првите два месеца од годинава, во март забележале намалување за 24,5 проценти.

Бројот на склучени договори за транспорт е ист како и во 2019 година, и како што велат, постои интерес и склучени се два нови меѓународни договора за транспорт.

– Во ова време на криза, тешко е да се процени, но се надеваме дека со крајот на кризата и развојот на економијата, транспортот ќе се зголеми во исто време и ќе го зголемиме нивото што го имавме на почетокот на годината, изјавија за МИА од Железници Транспорт.

Товарниот превоз на ова претпријатие го користат клиенти кои бараат масовен транспорт: руди, метални производи, нафтени производи, мазут и гас, дрво и производи од дрво, меласа, вештачко ѓубриво, сите видови јаглен, кварцен камен, киселини и други хемикалии, соединенија, шеќер, сол, житарици, производи за широка потрошувачка,…

актуелно Белград воз падемија скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.