Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите
Политика

Со закон се уредува управувањето на електрични тротинети, се укинуваат негативните поени за возачите

декември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се усогласувања со законот за прекршоци освен кај измените на законот за безбедност во сообраќајот.

Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како што кажа Спасовски се предвидува укинување на негативните поени за возачите, бидејќи се увидело дека тоа не биле ефикасно за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.

„Тука апсолутна немаше никаква регулација, каде да се движат, кој правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано услови за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употребата на светла…Практично тоа е на ниво на велосипеди“, информираше Спасовски.

Исто така се предлага и зголемување на возрасната граница за управување со автомобил од 70 на 75 години и рокот на важење на сообраќајната дозвола до пет години.

Во однос на глобите тие се намалуваат, како што кажа Спасовски, согласно законот за прекршоци.

Во однос на правните лица, сумата ќе биде во зависност од големината на компанијата или трговците.

Пратениците Фросина Ташевска Ременски и Самка Ибраимовски имаа свои забалешки за глобите.

Ременски смета дека не секогаш намалувањето на глобите за прекршоци во сферата на заштитата на човековите права, здравјето и безбедноста на граѓаните е добра политика.

„Секако казнената политика особено во делот на глобите се мака на граѓаните имајќи ги предвид дека и ние како политичари сме ги критикувале високите глоби, но треба да се земе предвид фактот дека високите глоби во сферата на безбедноста, тргувањето до опасни материи, во сферата на оружјето, на следењето на комуникации и во сферата на безбедноста во сообраќајот ги дала резултатите затоа што најчесто токму тие високи глоби била закана, предупредување за граѓаните како допир со таа материја, какви санкции им следуваат и каква глоба следува доколку сторат прекршоци“, рече Ременски.

актуелно електрични тротинети негативни поени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.