Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со лажна диплома напредувал во МВР
Во Фокусот

Со лажна диплома напредувал во МВР

април 12, 2018Updated:април 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 47 годишната М.М. од Куманово за сторено продолжено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“. Поднесена е кривична пријава и против 46 годишниот Б.Р. од Скопје за сторено кривично дело “фалсификување исправа“, В.М.Н.(58) од Скопје за сторено кривично дело “фалсификување службена исправа“ и А.И.(38) од Штип за сторено продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Имено, Б.Р., како раководител на студентски прашања на универзитет „ФОН“ Скопје во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинити податоци дека тој, инаку главен инспектор во отсекот за странци и реадмисија во Регионален центар за Гранични работи „Север“,  положил испит, по што изготвила уверение и го дала на потпис и потврдување кај деканот на Факултетот за правни науки и ректорот на универзитетот. Со тоа му овозможила на првопријавениот противправно да се стекне со диплома за завршен прв циклус на студии. По ова првопријавениот, и покрај тоа што знаел дека наведеното уверение и диплома содржат невистинити податоци, ги употребил при запишување на втор циклус на специјалистички студии и втор циклус магистерски студии на Факултетот за правни науки при универзитетот “ФОН” Скопје. Во текот на магистерските студии на Б.Р. повторно во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинит податок дека тој положил испит, и покрај тоа што професорот не ја впишал оценката и не ја потпишал пријавата, со што му овозможила на првопријавениот противправно да се стекне со уверение за положени испити од втор циклус и диплома за магистер по правни науки. Потоа М.М. наведните уверенија и дипломи, и покрај тоа што знаел дека содржат невистинити податоци во повеќе наврати ги употребил приложувајќи ги како доказ за завршено образование во персоналното досие во МВР на РМ, а со намера врз основа на таквите дипломи и уверенија полесно да напредува во службата и системот на кариера во МВР на РМ.

Во 2011 година, првопријавениот наведните уверенија и дипломи повторно ги употребил при запишување на докторски студии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што навел уште еден лажен податок дека во 1994 година дипломирал на Природно-математичкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По ова во текот на месец декември 2013 година, првопријавениот наведените дипломи ги употребил во приватната високообразовна установа за бизнис студии “Еуро Колеџ” во Куманово при постапка за избор на доцент во наставнонаучна област Менаџмент во царина и шпедиција и друго, а во текот на 2014 година и 2017 година истите ги употребил во постапка за добивање на согласности за вршење дополнителна дејност во МВР на РМ. Во текот на 2015 и 2016 година првопријавениот наведените дипломи ги употребил и при аплицирање за ангажман како професор на Меѓународниот славјански Универзитет „Гаврило Романович Државин“ во Свети Николе каде бил ангажиран како професор за што во текот на 2015, 2016 и 2017 година му бил исплатен надоместок во износ од 272.300 денари. Истиот, во текот на 2017 година наведените дипломи ги употребил и при аплицирање за полагање на правосуден испит во Министерството за правда на Р.Македонија. Четвртопријавениот А.И., како декан на Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“-Свети Николе-Битола ги ставил во сила одлуките за избор на првопријавенио како професор, и покрај тоа што знаел дека се несоодветни со подрачјето и областа на која докторирал, со што постапил спротивно од Законот за високо образование на Р. Македонија, и му овозможил на првопријавениот, да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 272.300 денари.

На 08.02.2018 година третопријавената В.М.Н., како советник-државен просветен инспектор, при вонреден инспекциски надзор на универзитетот „ФОН“ Скопје, во соработка со инспектори од МВР, при увид во електронското и материјалното досие на првопријавениот составила лажен записник кој го заверила и потврдила со свој потпис и печат од државниот просветен инспекторат.

актуелно куманово мвр полиција рм скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.