Претпладнево со полициски хеликоптер е извршена смена на полицајците кои завчера останаа заглавени поради длабокиот снег кај караулата Танушевци, потврдија од МВР. Тие се извлечени од граничната стража, а на нивно место е донесена нова смена нивни колеги.
Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот се случува често поради ненавремени тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.
Полициската станица е во поранешната армиска караула кај Танушевци на македонско-косовската граница, на планината Скопска Црна Гора.







