Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Безбедноста во земјава се зголеми на 1 јуни 2017 година, кога бандитите заминаа од власт
Македонија

Спасовски: Безбедноста во земјава се зголеми на 1 јуни 2017 година, кога бандитите заминаа од власт

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Безбедноста во Македонија се зголеми на 1 јуни 2017 година, кога бандитите заминаа од власт. Министерството за внатрешни работи го преземав со 23 проценти доверба.

Сега ОБСЕ покажа статистика од 75 проценти доверба во МВР. Лесно е да се излегува и да се кажуваат лажни вести, за тоа сте експерти вие од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска во Собранието го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање на Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, која го обвини дека нема контрола по најновите случаи на исчезнувања и дека истите завршуваат трагично, како и дека е зголемен бројот на кражби и разбојништвата кои се случиле во изминатиот месец.

„Граѓаните не се чувствуваат безбедни, полицијата ја нема, како ќе ја оправдате бројката од 520 кражби само на територија на Скопје во текот на еден месец, учинокот на полицијата е едвај два отсто. Нема завршница за гочем дел од исчезнатите. Има и политички мотивирани случаи. Дали чувствувате било каква одговорност за овие настани, кои завршуваат трагично, затоа што не сте ги превенирале, запраша Затуроска.

Спасовски посочи дека се злоупотребува ситуацијата во врска со исчезнатите лица и наведе податоци дека во 2014 година кога, како што рече, на власт е Никола Груевски а министерка за внатрешни работи е Гордана Јанкуловска, имало 554 пријавени лица за исчезнати, додека во 2018 година, кога премиер е Зоран Заев а тој самиот е министер, имало 370 случаи на пријавени за исчезнати.

„Во делот на економскиот криминал има зголемување на кривичните дела и тоа е благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери кои носеа позиции бидејќи тука се зголемија многу кривичните дела, некаде за 25 проценти за кривичното дело за злоупотреба на службената положба, оцени Спасовски.

Рече дека има намалување за 37 проценти на бројот на убиствата.

„Лани имаме 17, за разлика од 2017 година, кога половина година МВР беше раководено од ВМРО-ДПМНЕ, има 27 убиства. Фала богу што не не убивте во Собранието тогаш, таа бројка ќе беше уште потешка, рече Спасовски.

Тој наведе статистички податоци и за кражбите, разбојништвата, посочувајќи дека се расчистени големите кражби како оние во Шпаркасе и Централна кооперативна банка.

Наведе и дека во однос на борбата против дрогата, МВР постигнало најдобри резултати во последните десет години – откриени се 789 кривични дела и против 906 сторители се покренати постапки.

Затуроска реплицираше дека не е задоволна од одговорот на министерот, велејќи му дека тој ќе биде запишан како најнеуспешниот министер за внатрешни работи, кој практикувал политички реваншизам и кој ќе се памети како министер кој го вратил немирот на улиците наместо безбедност.

безбедност зголемена македонија ОБСЕ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.