Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски во посета на Центарот за обука Идризово
Македонија

Спасовски во посета на Центарот за обука Идризово

јули 11, 2023Updated:јули 11, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Отворен кабинет“ со дел од раководството  денеска го посети Центарот за обука во Идризово каде што  во тек е  12 месечната полициска обука на новоизбраните кандидати за полициски службеници.

„Денеска низ дружењето со нив им потенцирав дека за нив тука почнува ново поглавје во професионалниот живот, запознавање и учење на фундаменталните вештини, практики и знаења на полициското работење“, истакна министерот Спасовски.

Спасовски во разговор со кандидатите им потенцираше дека професијата што ја одбрале и за која беа селектирани е одговорна, но и сериозна работа во која што дури и личната безбедност зависи од новиот колега или другар независно од половата, верската, социјалната или која и да е друга различност,  истакнувајќи дека разликите какви и да се тука исчезнуваат бидејќи овде сите стануваат едно – припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Спасовски информираше дека во рамки на стратешките заложби за креирање на задоволна полиција која испорачува безбедност и сигурност за граѓаните во периодот што следи почнува голема реконструкција на комплексот на Центарот за обука.

„Во реконструкцијата ќе бидат опфатени четири објекти, павиљоните  во кои се сместени машките кандидати за полициски службеници, Управната зграда со мензата и Школскиот објект со со придружни содржини како и пистата за постројување на кандидатите. Градежните активности во вредност од 184.838.711 денари  се обезбедени средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи“, образложи министерот Спасовски.

Спасовски потенцираше дека во изминатиот период беше извршено реновирање и осовременување на  мензата за исхрана на полициските кандидати каде што  беше воведен новиот концепт за исхрана со надворешен економски оператор, концепт кој прво беше имплементиран во мензите на специјалните полициски единици кој резултираше со двојна добивка исполнување на зададените високи стандарди во квалитетот на исхраната со воспоставен контролен механизам од страна на МВР и  намалување на финансиската вредност на самиот оброк.

За потсетување од 2017 досега се реконструирани 80 објекти и полициски станици на Министерството со имплементирана енергетска ефикасност на истите, обезбедени нови униформи за сите единици, и неколкукратно зголемената целата опрема со која работат и ја користат полициските службеници.

Спасовски пред присутните медиуми рече дека со фактот што Република Северна Македонија е најбезбедна држава на Западен Балкан останува нашата обврска да продолжиме да создаваме, обучуваме и опремуваме задоволна полиција која ќе ја гарантира безбедноста на сите граѓани.

 

ФОТО: МВР

актуелно идризово посета Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.