Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани по мојот живот
Македонија

Спасовски: Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани по мојот живот

декември 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше гостин во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки каде ја раскажа својата лична приказна, кариерата, своите порази и победи…

Разговорот започна со актуелниот предлог за интерпелација, за кој министерот Спасовски смета дека не е аргументиран, односно дека се работи за паушални кажувања.

„За мене нормална демократска постапка која може да биде покрената е интерпелацијата, јас ја доживувам како можност да поразговараме со пратениците. Имаме право на одговор, кој ќе го доставиме до пратениците на Собранието, јас сум присутен речиси на сите пратенички прашања со целосен респект кон Собранието. Факт е дека малку прашања ми поставиле. Сепак ова е една од алатките во демократијата и јас сум подготвен да одговорам на сите прашања. Тоа што денес го слушнав беа паушални кажувања, да се каже нешто како причина за поднесување на интерпелацијата“, рече Спасовски.

„Станав член на СДСМ на 18 години и како семејство сме лево ориентирани, идеолошки поврзани со социјалдемократијата и тоа беше најголем мотив да влезам во политиката. Потекнувам од Куманово и таму долги години опстојува социјалдемократијата. Од таму потекнуваат многу идеи, перспективи, поддршки. Јас сум горд на сите овие години поминати во СДСМ“, објасни министерот за внатрешни работи за своите почетоци во партијата.

Со богата кариера зад себе, министерот Спасовски одговори за тоа дали имал амбиција да биде министер за внатрешни работи.

„Не постоела таа амбиција. Никогаш до сега не сум правел сметка што ќе бидам наредниот период, туку тоа што сум во одреден момент. Работев во општината со сиот мој капацитет и елан. И политичките и работни кариери се постигнуваат само со работа. Ако доаѓате наменски тоа трае кратко, посебно во политиката, работењето и создавањето на врските и другарството, тоа е најголемото богатство“, кажа Спасовски.

По бегството на Груевски, постојано се поставува прашањето која институција потфрли во неговиот случај, а за ова министерот Спасовски истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР.

„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојани добиваат закани по животот.

„Секојдневно добивам закани по живот, но и закани за моето семејство и моите соработници. Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“.

За почетоците на кариерата, обврските, поддршката од семејството, периодот на „бомбите“, довербата на членството, борбата со режимот, департизацијата и вработувањата во МВР, како и тоа дали има амбиција да биде следниот претседател на Република Македонија, погледнете во видеото подолу.

актуелно бегство груевски закани Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.