Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Да се донесат законите во Собранието, па да се оди на избори
Политика

Спасовски: Да се донесат законите во Собранието, па да се оди на избори

февруари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Оливер Спасовски вели дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони, коишто, како што изјави денеска, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозиство, бидејќи, како што рече, ќе се испочитува договореното, ќе бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

„Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за
оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред се законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Тој се уште верува дека тоа и ќе се случи, и оти нема да има повеќе
„неразбирливи“ одложувања на седниците на кои тоа треба да биде направено.

„Ние имаме коректни односи со ДУИ и очекувам дека така како што ја започнавме коалицијата така и ќе ја завршиме во однос на овие законски решенија. Затоа очекувам тие да бидат донесени и оти нема да имаме дополнително неразбирливи одложувања за да може да дојдеме до она за што се имаме договорено – да се финализираат овие законски решенија и да одиме на избори“, рече премиерот.

Ако дојде до тоа да бидат опстуирани решенијата, додае Спасовски,
дури тогаш може да се зборувва за евентуално формирање ново
парламентарно мнозинство, можност која вчера ја наговести
генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во фејбук статус на
својот профил.

Спасовски не очекува ниедна од политичките партии кои се дел од Владата дека ќе прават промени на законите внатре во Собранието, заради тоа што, како што рече, е усогласен текст кој е поминат на седница на Владата.

Во врска со тоа како ќе пратениците на СДСМ ќе гласаат во однос на распуштањето на парламентот на седницата закажана за в недела, Спасовски истакна дека треба да се почека да се види како ќе се одвиваат работите во собранието.

Премиерот наведе дека Собранието треба да работи по предлог што го достави тој за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, што е точка на дневниот ред на собраниската седница закажана за 15 часот и како што вели, таа да се
зарши.

Повтори дека очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да се продолжи понатаму во изборниот процес.

актуелно закони собрание Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.