Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Засега не се размислува за одложување на изборите
Политика

Спасовски: Засега не се размислува за одложување на изборите

март 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Оливер Спасовски, по денешната средба со лидерите на поголемите парламентарни партии во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека на неа не разговарале за можно одложување на изборите, бидејќи процениле дека сега нема потреба да се носат такви одлуки.

„Во овој момент не разговаравме, бидејќи цениме дека нема потреба сега да носиме такви одлуки. Разговаравме за мерките, за тоа што треба да се преземе, за одговорноста и се договоривме дека за секоја нова состојба што ќе ја имаме, ќе седнеме ќе разговараме за се што ни претстои“, рече Спасовски во изјавата по средбата.

Сега за сега, додаде тој, важно е да се усогласи кампањата со мерките на Владата, заради тоа што, како што рече, сите треба да се однесуваме одговорно и да знаеме дека добивањето ситни политички поени и партиски интереси нема да придонесат за здравјето на граѓаните.

Спасовски најави дека Кризниот штаб, преку мејл на дневна основа ќе ги информира политичките партии за да имаат информации и да ги планираат активностите.

Тој појасни дека на средбата биле отворени можни аспекти кои можат да бидат последица од оваа состојба во државата.

Здравјето и животот на граѓаните се пред се и над се, но исто така, рече Спасовски, мора да водиме грижа и за економијата која мора да функционира.

„Во 16 часот средба на економскиот тим во Владата и со Стопанските комори за да ги разгледаме предлозите што ги имаме ние и кои врз основа на импликациите што се поврзани во однос на овие мерки ќе бидат воведувани ако за тоа има потреба“, рече Спасовски.

Тој рече дека засега Буџетот е ликвиден и не мора да се размислува за
евентуален ребаланс за кој би било потребно свикување на Парламентот, кој поради изборите веќе е распуштен.

Ние, рече, во Устав и закони имаме предвидено кога може да се свика Парламентот, но засега немаме потреба имаме ликвиден буџет и има стабилна фискална политика.

Според Спасовски, кај граѓаните не треба да се јавува страв затоа што стоковите резерви се содветно пополнети како што е законската обврска.

Нема потреба, вели Спасовски, ниту да се преплават маркетите за купување намирници.

„Стоковите резерви се соодветно пополнети, тоа што е законска обврска, можност и апсолутно тука граѓаните не треба да имаат никаков страв. Упатувам апел дека одговорно однесување значи и дека не треба да не ги преплавиме сите маркети и да бараме намирници од утре да купуваме заради тоа што нема навистина потреба од такво нешто. Едноставно, нормално, без никава паника да реагираме на содветен начин“, рече Спасовски.

Тој најави дека на координацијата на економските ресори во Владата ќе се разговара за економските мерки што се предвидени за делот на стопанските капацитети за евентуална помош на економијата таму каде
што е потребно.

Такви мерки, повтори, засега нема потреба да се пласираат заради тоа што државата се уште е во зелена фаза и фискалните импликации не се такви за да преземее некакви драстични мерки.

Но, истакна, подготвени сме со конкретни мерки доколку тоа се случи, како, и на кој начин, да реагираме.

актуелно избори Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.