Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Издавањето викендици е кривично дело, полицијата ќе презема соодветни мерки
Македонија

Спасовски: Издавањето викендици е кривично дело, полицијата ќе презема соодветни мерки

декември 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

МВР превентивно реагира уште сега до сопстевниците на викендици што планираат да ги издаваат за претстојните празници, за да знаат што може да ги очекува таму каде што тоа ќе се случува.

Веќе се изготвени сите планови за засилени контроли.

Тоа ќе го направиме веќе од нареднава недела и во текот на новогодишната ноќ,
така што за полицијата ќе има многу работа, меѓутоа здравјето и животот на граѓаните мора да ни биде врвен приоритет.

Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
на новинарско како МВР ќе се справуаву со станоиздавачите и оние кои ќе
издаваат викендици за прослава на божиќните и новогодишните
празници.
Тој потсети на донесените сет мерки што ќе придонесат за спречување на
ширењето на коронавирусот. Тоа се мерки кои никој не ги посакува во
Владата, нагласи Спасовски, мерки што се непопуларни, меѓутоа мерки
што се неизбежни во овој период заради тоа што од една страна имаме
ширење на болеста, ставање директно во опасност на животот и здравјето
на граѓаните, а од друга страна е нормалниот начин на живеење и
однесување на граѓаните.

„Нема никаква забрана за издавање на викендица на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд-куќа каде било на територијата на нашата земја, меѓутоа секако дека е кривично дело издавање на викендици на групи на луѓе. Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите итн. не можат да работат по 18 часот, се со цел да помогнеме во спречувањето на ширењето на коронавирусот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти да ги имаме и во околината на Скопје, претежно во Сопиште или во Маврово, или во Охрид, или во Струга или во кое било од туристичките места. Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа може да го прават некои во викендиците? Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција во делот на издавањето на викендиците, во делот на вакви кривични дела веќе постапуваат колегите. Ќе се постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. Секако дека таму каде
што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави. Реков декаова е кривично дело за директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните“, појасни Спасовски.

Тој апелираше до сите сопственици на викенд-куќи или вили што ги издаваат под наем, да бидат свесни дека тоа е сериозна одговорност и дека издавањето на овие вили и викендици повлекува и кривична одговорност.

„Ништо не е позначајно од колку да спасите живот на кој било граѓанин во оваа наша земја, така што колку пари и да добивате за издавање на таавила или викендица за време на новогодишната вечер, не се доволни за чувството дека самите ќе придонесете да спречиме ширење на вирусот и да помогнете на секој еден граѓанин. Затоа мојот апел го упатувам и до граѓаните и до секој еден којшто смета дека на тој начин може да ја помине новогодишната ноќ и дека на тој начин ќе ги загрози животот и здравјето, да се откажат од тие намери, да си помогнеме самите себеси, да помогнеме на државата, на здравствениот систем, да помогнеме на лекарите и на медицинскиот персонал, кои многу пожртвувано се борат за секој еден човек и за секој еден човечки живот. Така што сите заедно да ги почитуваме мерките. Ќе дојдат моменти на запирање на вирусот, ќе имаме моменти и за дружби и за организирање на какви било прослави, меѓутоа сега да не дозволиме заради некакви сопствени ставови и лични интереси  да си го загрозуваме здравјето сите заедно“, порача Спасовски.

актуелно викендици кривично дело мерки полиција Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.