Соработката во рамки на меѓународните организации и во борбата против сериозниот и организиран криминал, особено кога таквиот криминал поседува елементи на прекугранични активности беа тема на разговор на денешната работна средба во Струмица меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев, пред започнувањето на заедничката седница на владите на двете земји.
На средбата, информираат од МВР, беше потенцирана одличната соработка меѓу двете министерства, а беа разгледани и можностите за дополнително интензивирање на соработката.
Министрите Спасовски и Радев ја потенцираа важноста од интензивирање на активностите околу отворањето на планираните нови гранични премини, особено граничниот премин Клепало-Сандански, со што ќе се овозможи полесна комуникација и движење на граѓаните.







