Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски на фб: Голема благодарност за помошта од ЕУ, заедно ќе го победиме коронавирусот
Во Фокусот

Спасовски на фб: Голема благодарност за помошта од ЕУ, заедно ќе го победиме коронавирусот

април 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Оливер Спасовски преку статус на својот фејсбук профил изрази благодарност за помошта што ја добива земјава од ЕУ за справување со коронавирусот.

Денес, кога светот е соочен со глобалната пандемија, наведува Спасовски, ЕУ на најдобар можен начин ја покажува својата солидарност и покажува дека заедно можеме да се соочиме со овој предизвик и да го победиме.

„Голема благодарност за помошта која ја добиваме од Европската Унија, којашто е многу важна и суштинска во овие тешки времиња на заедничко справување со коронавирусот. Помошта од ЕУ во висина од 4 милиони евра е наменета за набавка на специјализирана медицинска опрема и заштитна медицинска опрема, а која вклучува респиратори, вискоквалитетни FFP2 заштитни маски, опрема за интензивна нега, тестови и друга неопходна медицинска опрема за зајакнување на капацитетите на нашето јавно здравство“, наведува Спасовски.

Според него, со помош на ЕУ, нашите здравствени работници ќе добијат и ракавици, визири, заштитни наочари, маски и други заштитна опрема.

„Склучивме посебен договор со ЕУ за заеднички набавки на медицинска опрема, што ни овозможува побрзо и поефтино да ја набавуваме целата медицинска опрема која ни е потребна, и тоа под исти услови и според истите стандарди како и земјите членки на ЕУ. Како земја-партнер на ЕУ, преку инструментот за цивилна заштита на ЕУ, ни беа доставени генератори, шатори, ќебиња, јоги за кревети и средства за дезинфекција и одржување на хигиена. Освен тоа, треба да се подвлече дека ЕУ ни донираше и: 3 милиони евра за поддршка на буџетот, 9 милиони евра директна поддршка за мали и средни претпријатија, која ќе се операционализира во следните месеци, 40 милиони евра за мали и микро претпријатија и за мерки за активно вработување, кои ќе бидат на располагање по летото, како и 10 милиони евра за дополнителни медицински и итни потреби, доколку имаме потреба за тоа“, пишува премиерот.

Потсетува и дека пред само неколку дена, на 22 април, Европската комисија им предложи на ЕУ Советот и на Европскиот парламент, да обезбедат макро-финансиска поддршка од 160 милиони евра за да имаме посилни финансиски капацитети за справување со последиците од коронавирусот.

„ЕУ и земјите членки на ЕУ се нашите наблиски партнери и поддржувачи, од независноста до денес. Денес, кога светот е соочен со глобалната пандемија, ЕУ на најдобар можен начин ја покажува својата солидарност и покажува дека заедно можеме да се соочиме со овој заеднички предизвик и да го победиме. Заради тоа, ЕУ ќе ја има нашата благодарност, но и посветеност во исполнувањето на институционалните стандарди на Унијата. Заедно ќе ја победиме опасноста од коронавирусот, ќе ги надминеме последиците, и ќе го забрзаме нашето интегрирање во Европската Унија. Ќе го направиме тоа, бидејќи е добро за сите граѓани на Северна Македонија. Бидејќи тоа е добро за ЕУ“, истакнува премиерот Спасоовски во својот фејсбук статус.

актуелно ЕУ коронавирус Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.