Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење
Македонија

Спасовски: Не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење

јануари 12, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите деловнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И во СДСМ, како што истакна Спасовски во денешното гостување во Утрински брифинг, се водела дебата за кадровската политика на мандатарот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека на седницата на партискиот Централен одбор овој предложен состав поминал едногласно и без ниту еден воздржан.

За неприсуството на неколкуте министри, кои нема повеќе да бидат членови на Владата, на седницата на Централниот одбор, Спасовски вели дека нивните отсуства биле од оправдани причини и однапред најавена.

– Демократскиот капацитет на СДСМ е на високо ниво и тоа сме го покажале во многу наврати, нагласува Спасовски.

По оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и Спасовски и претседателот на партијата Ковачевски повикаа на обединување. Спасовски вели дека е нормално да има различни мислења, а најави и Конгрес на кој ќе се разговара за изборните резултати и консолидацијата на партијата.

– Демократијата и Македонија како демократско општество може само да се надградуваат. Друг пат нема. Не е исто како во 2016 година. Демократија има, но далеку од тоа дека за тоа не треба да се разговара. Јас не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење, истакнува Спасовски.

Тој додава дека изминатиот период беше битно да се подигне на повисоко ниво борбата против корупцијата. Но, механизмите за тоа не се кај вицепремиерот, туку кај институциите и за тоа е потребна координација оти тоа секогаш дава подобри резултати.

– Ние во МВР во рамки на реформскиот процес направивме еден Национален центар за борба против организираниот криминал во кој работат претставници од сите институции кои се занимаваат со оваа проблематика. И ова тело даде резултати, а ние постојано испраќаме извештаи до ЕУ за тоа колку предмети се отворени, до каде е постапката…, вели Спасовски.

Тој посочува дека заедничка стратегија за настап за борбата против криминалот е многу битно да се направи и за тоа, како што додаде, разговарал лично со еврокомесарот за внатрешни работи.

– Ние ја информираме јавноста за секое дело што сме го откриле, но очигледно е дека тоа не е доволно за јавноста. Треба да дадеме сумарен извештај. На пример, 2020 година имаме најдобри резултати во последните 30 години, вели Спасовски. – Во сегментот борба против корупција во 2021 година имаме зголемена откривачка дејност за 50 отсто повеќе од тоа што било во 2020 година – 77 откриени дела во 2020 година, 114 откриени дела во 2021 година – вкупно 97.3 милиони денари корупција, истакна Спасовски.

Според него, секако дека има проблеми на кои треба да се посветат, а како пример посочи дека до 2017 година немаше водење финансиски истраги и конфискација на имот. – Второ, сајберкриминалот беше оставен на страна и на тоа треба да се посветиме, а миграцијата и тероризмот исто така треба повеќе да влезат во фокусот, потенцира Спасовски.

Во врска со тоа дали е откриен никаков криминал во коалицискиот партнер на СДСМ од албанскиот блок, Спасовски вели дека треба да се извадат сите случаи кои биле покренати против функционери од коалициските партнери.

– Треба комплетно да ги извадиме сите случаи кои биле покренати против функционери и од коалициските партнери и ќе видите во статистиката дека не е баш така. Имавме кривични пријави и постапки против пратеници, државни секретари во министерствата, директори и против други функционери, вели Спасовски.

Во контекст на тоа, тој додава дека ниту еден од министрите кои нема да бидат во новата влада не се поврзани со криминал ниту тоа е причина за нивна смена.

За мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, Спасовски посочува дека се познаваат одамна и имаат и приватни релации, но тоа не може да се доведе во врска со партиските активности и работата во владата.

 

извор: МИА

 

 

„Утрински брифинг“ актуелно Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.