Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски од Куманово: Одлуките ги носиме врз основа на препораките на стручните лица
Македонија

Спасовски од Куманово: Одлуките ги носиме врз основа на препораките на стручните лица

април 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Има повеќе барања за прогласување на карантин не само од Куманово, туку и од други градови од државата, но одлуките се носат врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите“, порача денеска премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со вицепремиерот Бујар Османи и министри присуствуваа на денешната 31 седница на Општинскиот кризен штаб Куманово.

„Сите мерки што беа донесени се мерки врз основа на тие препораки, заради тоа што сметаме дека како Влада мораме пред се да ја слушнеме струката, тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно и во кој момент тоа треба да го правиме, да го направиме заеднички“, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе се прогласи
карантин за Куманово, барање кое го упатува Општинскиот кризен штаб.

Спасовски апелираше до граѓаните да не се групираат и да оддржуваат
социјална дистанца и за престојниот Велигден и ги повика гда прослават
дома со најблиските, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на
вирусот.

„Јас упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот, велигденските празници сите заедно да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактикување на верата, заради тоа што тоа не може да се донесе, дури во ниту една состојба да се наоѓа државата, тоа е право кое што е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, имаме одлуки и на МПЦ, Светиот синод, имаме ставови на ИВЗ, што се однесува до почитувањето на мерките на Владата во однос на оддржуавњето на социјаланата дистанца, одговори премиерот на новинарско прашање за тоа дали ќе се затворат црквите за Велигден, поради најавите дека ќе има термини за причест.“

Во Кумановската болница, изјави премиерот, денеска се прави дополнителен скрининг на сите вработени во болницата.

„Земени се 210 тестови за испитување и на тој начин и врз основа на одлуките кои ги носи Министерството за здравство и менаџментот на
болницата, болницата функционира. Во некои одделенија можно е да
има намален обем на работа и капацитет“, додаде Спасовски, но и нагласи дека во болницата има 700 вработени, а позитивни се 44, што остава простор да функционира болницата.

Тој додаде ќе се направи се, за да им се обезбеди на кумановци соодветна здравствена заштита.

Спасовски потсети дека претходно се донесени лекари однадвор кои работат веќе две недели и на инфективното одделение се донесени лекари од Клиничкиот центар, конкурсите кои биле прекинати за прием на лекари, медицински персонал, дадена е насока да продолжат за да може да се активираат и тие.

„Не сум многу приврзаник на најстроги блокади, заради тоа што компарацијата Дебар и Куманово, 9.000 и 120.000 жители не е сосема иста. Меѓутоа ќе дискутираме за овие прашања во однос на затварањето целосно, 24 часовно на Куманово, ако е тоа мерка што ќе ја кажат и епидемиолозите и стручните луѓе во овој дел ќе ја донесеме и таа мерка се со цел да го заштитиме здравјето и животот“, рече Спасовски.

Граѓаните, додаде, ќе бидат информирани кога ќе се донесат одлуките.

Нема неизвесност, ова е вонредна состојба и не може да се очекува редовно носење на одлуките, посочи Спасовски и повика граѓаните да ги почитуваат одлуките, да држат социјална дистанца и да придонесат за
надминување на оваа состојба.

На денешната седница, рече премиерот, ќе се слушнат сите предлози, на стручните лица, барањата на штабот на 14 дневен карантин и ако тоа е најдобрата мерка, тогаш ќе се преземе.

На штабот ќе се носат одлуки за спречување на пандемијата на подрачје на Куманово, ќе се размеант информации, ќе се разгледаат опции за поуспешно справување со кризата.

Спасовски посака побрзо оздравување на заболените, изрази сочуство до семејствата на починатите и рече дека тоа е најголемата жртва која државата ја плаќа во овој момент.

„Ние како Влада навремено, пред многу држави од регионот воспоставивме мерки за превентива, за заштита кои што даваат резултати, ќе направиме се што треба да помогнеме и да го заштитиме животот и здравјето на граѓаните, бидејќи тоа е наш врвен приоритет“,
порача Спасовски.

Тој нагласи дека Владата ќе помогне и на економијата и на работниците, на работодавачите, за да се надмине оваа криза.

Уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките, аплеите, одлуките, бидејќи колку повеќе се почитуваат препораките, толку поголеми ќе бидат резултатите.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека како владин координатор на
општинските штабови присуствувал и на денешната седница на Советот
на општина Куманово и директно ги слушнал ставовите на локалните
власти за развојот на оваа состојба со пандемијата во Куманово и дека
ги пренел ставовите на Владата и како да се координираат во иднина.

И тој изрази сочуство до семејствата на починатите и посака брзо
закрепнување на болните.

Османи се заблагодари на здравствените работници, кои рече се прва одбранбена линија и го ризикуваат здравјето.

„Донесовме и одлука на штабот за поинтезивно тестирање на здравствените работници воопшто за проширување на обемот на тестирарањата. Тука сме заедно со премиерот да ги разгледаме новите барања на општините и заеднички да ги усогласиме ставовите, како да
ставиме стоп на патот на ширењето на болеста во Куманово, која што во
моментов по број на жители има најголем број на заразени, а потоа тоа
ќе го користиме и во другите општини“, рече вицепремиерот.

Тој се заблагодари на Општинскиот кризен штаб, нагласувајќи дека секојдневно се состануваат, носат заклучоци, ги применуваат и се надева дека заеднички ќе се стави крај на оваа ситауција и дека ќе се вратиме во нормален живот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се заблагодари на владините претставници кои ќе присуствуваат на седницата на штабот.

Тој потенцираше дека во Куманово има најголем процент на позитивни лица, според процентот на жители и нагласи дека е потребно да се дејствува порестриктивно за да се спречи пикот со поголеми бројки.

Димитриевски се заблагодари на медиумите кои објективно пренесуваат информации и на граѓаните кои ги почитуваат одлуките.

И тој изрази сочуство до семејствата на починатите и ги охрабри
граѓаните кои се заболени да сметаат на поддршката на Куманово.

Покрај владини претставници на штабот присуствуваат лекари, стручни лица од повеќе здравствени иснтитуции.

актуелно куманово Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.