Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Очекувам продолжување на дијалогот за законот за ЈО, предлогот многу скоро во Собранието
Македонија

Спасовски: Очекувам продолжување на дијалогот за законот за ЈО, предлогот многу скоро во Собранието

јануари 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во Собранието многу скоро, изјави на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски охрабрувајќи ги притоа сите политички субјекти, политички партии, парламетнарни групи и независните пратеници да продолжи дијалогот со Владата.

„Сметам дека токму сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во Собранието да бидат на висината на сопствената одговорност, заради тоа што од една страна имаме сите заедно одговорност што ќе направиме за иднината на државата на европскиот пат на Република Северна Македонија и второ, што ќе направиме сите заедно за правдата, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Според него, завршува времето само на декларации и на изјави пред граѓаните дека некој се залага за правда.

„Тука посебно сакам да ги повикам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите, рече Спасовски.

Знаеме, додаде техничкиот премиер, дека тоа не е услов од страна на ЕУ за добивање датум за преговори, но оцени дека е дополнителен позитивен момент што ќе биде потребен за да ги отпочнеме преговорите што е можно поскоро.

Спасовски очекува дека овој дијалог ќе придонесе да се донесе законското решение и политиката еднаш засекогаш, како што рече, да ги тргне рацете од судството и обвинителството и преку нормално законско решение да се гарантира правдата за сите во нашата држава.

-Тоа се моите очекувања, на тоа работиме сите ние и во Владта на тоа работиме заедно со парламетнарните групи, со пратениците и целиот наш напор во наредниот период ќе биде да имаме успешност во разговорите за носењето на законот за јавно обвинителство, рече премиерот.

Соопшти дека многу скоро предлог законот ќе биде доставен до Собранието.

„Ние разговараме заедно и министерот за правда со пратеничките групи. Меѓутоа навистина сметаме дека е момент да се достави до Собранието и преку собраниската процедура да покажеме едноставно кој сака да ги поддржи перспективите и иднината на оваа држава, да ги чуеме аргументите ако има и спротивни од овие аргументи, меѓутоа тоа е една демократска дебата која е зрела и која треба да се води внатре во Собранието и тоа ќе го направиме многу скоро, рече Спасовски.

актуелно дијалог закон јо Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.