Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Полицијата како сервис на граѓаните е концепт што се остварува преку локалните совети
Македонија

Спасовски: Полицијата како сервис на граѓаните е концепт што се остварува преку локалните совети

декември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска од Општина Конче го истакна значењето на функционирањето на Локалниот совет за превенција во општината, кое според него, е во насока на целосно остварување на концептот за – полицијата како сервис на граѓаните.

„Функционирањето на локалниот совет за превенција овде во општина Конче е уште еден чекор во насока на целосно остварување на концептот што го афирмираме со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија за – полицијата како сервис  на граѓаните. Практично, подинамично приближување на полицијата до граѓаните во локалните средини, независно дали се работи за урбани или рурални средини, меѓусебна редовна комуникација, информирање, едукација, а се со цел да се подигне општиот степен на сигурност и безбедност на граѓаните и на нивните материјални добра. А истовремено драстично преку низата превентивни активности и соработка да се намали стапката на криминалитет во локалните средини, рече Спасовски.

Во локалните совети за превенција покрај надлежни полициски службеници и претставници на локалните власти имаат можност да партиципираат непосредно и конкретно невладините организации и граѓаните.

„Се надевам дека Локалниот совет за превенција при општината Конче ќе ја оствари својата корисна мисија. Полицијата од своја страна ќе стори се што е во нејзина моќ, согласно своите законски надлежности и обврски, да даде максимален придонес во функционирањето на советот. Ова е во рамки на активностите што ги преземаме, се со цел поголема безбедност на граѓаните и кои даваат резултати. Резултатите од работата на полицијата се гледаат и од последната анкета на ОБСЕ, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Но, ние не се задоволуваме со тоа и во иднина ќе работиме за овие бројки уште повеќе да се зголемат, рече Спасовски.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски остварил работна средба и со градоначалникот на Конче Благој Илиев, на која се разговарало за меѓусебната соработка.

„Многу важно за безбедноста е да има партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но сега ја обновуваме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата, рече Спасовски.

актуелно граѓани мвр сервис Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.