Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија
  • Студентите прогласија победа на изборите во Србија
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Приоритет на Владата е интересот на граѓаните
Политика

Спасовски: Приоритет на Владата е интересот на граѓаните

јануари 4, 2020Updated:јануари 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Наша определба е да работиме во интерес на граѓаните, и ако министрите на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат истите мотиви нема да има проблем да работиме за доброто на граѓаните и на државата. Во таа насока беше и денешната средба со министрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после седницата на Владата и се договоривме дека токму тој интерес ќе ни биде во прв план и дека тоа е причина нашите капацитети да ги издигнеме над дневно-политичките игри и пресметки и да направиме значителен исчекор напред во односите меѓу политичките субјекти“, истакна претседателот на Владата, Оливер Спасовски во интервјуто за МРТ.

Посочи дека во овој период Владата првенствено треба да се грижи за
воспоставување услови за организирање и спроведување на фер, демократски и кредибилни избори.

„Се разбира, паралелно со тие активности, со исто таква енергија ќе им се посветиме на континуитетот на процесите и политиките што се во тек и што се започнати за државата да оди напред“, потенцираше Спасовски.

На прашањето дали има план за одговор доколку опозициските назначени функционери започнат да објавуваат случаи на незаконско работење на функционери од СДСМ, Спасовски нагласи дека има огромна разлика меѓу ситуацијaта до 2017 година и од 2017 наваму.

„Неспоредливо е тоа што го наследивме во 2017 година како потврдено сериозно прекршување на демократијата и злоупотребата на институциите од масовното прислушкување до најсериозните коруптивни и криминални случаи на поединци во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да ги спомнам само кумановските настани, убиството на Мартин Нешковски, заробената демократија, заробени медиуми… Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Владата на СДСМ и на коалицијата го врати владеењето на правото и докажа дека пред правдата сите се еднакви, без разлика до каде и до кого ќе стигне секоја истрага“, истакна Спасовски.

Употребата на уставното име на државата е законска обврска на избраните и именувани функционери и државни службеници, рече Спасовски во интервјуто, и додаде дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ сега официјални лица на државата и во таа насока имаа добар старт кога ги потпишаа изјавите за избор на министри во Владата на меморандум со уставното име на државата Република Северна Македонија.

„Ако сакате да користите привилегии и права, да добивате функции и плата од државата тогаш треба да се почитува Уставот и законите. Се друго е лицемерие. Освен тоа, како официјални лица, членовите на Владата не смеат да го доведат во прашање меѓународниот углед на нашата земја. Влегуваме во период кога треба да го ратификуваме полноправното членство во НАТО и кога треба да го добиеме стартот на преговори со ЕУ и секој треба да биде одговорен и ако декларативно тврди дека ги почитува националните интереси, тоа треба да го покажеме на дело, а една од тие обврски е користењето на уставното име на нашата земја“, додаде Спасовски.

актуелно влада граѓани интерес приоритет Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.