Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Сега е приоритет здравјето, по кризата разговори за политичките прашања
Македонија

Спасовски: Сега е приоритет здравјето, по кризата разговори за политичките прашања

април 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не знаеме колку ќе трае оваа здравствена и економска криза и какви одлуки ќе бара да се носат. Затоа, логично е и политички одговорно да се поставиме соодветно и да овозможиме функционалност на Парламентот, доколку се покаже потребно. Очекувам сите политички субјекти да бидат на висина на одговорноста и да носат одлуки во интерес на државата и на граѓаните, а не да се водат од партиски калкулации. Ние сме целосно демократска власт, а во демократија е нормално Владата да биде контролирана од Парламентот и ние немаме проблем со тоа“, вели премиерот Оливер Спасовски.

Во интервју за „Фактор“, Спасовски истакнува дека СДСМ и пред кризата, но и денес е подготвена за избори.

Но, во овој момент приоритет број еден е здравјето на граѓаните и совладувањето на здравствената криза.

Сите сили сега се насочени кон справувањето со коронавирусот.

На прашањето кога според него би се издржале изборите, премиерот одговара дека најпрво сака скорешна стабилизација на здравствената ситуација, а штом се случи тоа ќе може да се разговара за сите други политички процеси во државата.

„СДСМ беше подготвена за избори и пред здравствената криза, подготвена е и денес, како што претседателот на СДСМ Зоран Заев знем дека е подготвен и во полна форма, заедно со сите нас да го добие новиот мандат за формирање на новата Влада. Сега сме фокусирани на јавното здравје, а здравје, ќе има прилика па ќе зборуваме и за новата Влада што сум уверен дека повторно СДСМ и коалицијата ќе добијат чест да ја водат“, наведува Спасовски.

Тој нагласува и дека останува во самоизолација до истекот на 14-те денови иако резултатите од направениот корона-тест му се негативни.

Според премиерот, се прави план за повторно отворање на економијата по сектори, како и дека почнува и враќањето на животот во нормала, но тоа, вели, ќе оди постепено.

Воедно демантира дека олабавувањето на полицискиот час е направено поради верскиот празник Рамазан.

По први мај, напоменува, ќе има појасна слика за условите за функционирање на училиштата и градинките, додека отворањето на угостителските објекти може да се очекува најверојатно во втората половина на идниот месец.

Спасовски во интервјуто за „Фактор“ тврди дека со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има принципиелни професионални односи, а во врска со прес конференцијата повторува дека се констатирани пропусти на некои процедури и тој наод е пратен во МВР.

Дополнува и дека тој и претставниците на Владата не биле информирани дека Димитриевски и други членови на Кризниот штаб, се тестирале за коронавирусот.

 

актуелно здравје Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.