Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно!
Македонија

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно!

мај 30, 2023Updated:мај 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше дел од регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“, во организација на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ, а во присуство на претставници од невладини и меѓународни организации.

Истакнувајќи дека превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе се високо позиционирани на агендата на Владата на Република Северна Македонија, а со тоа и на македонската полиција, министерот Спасовски рече дека тоа продуцира партнерски пристап и заеднички придонес кон зголемување на ефикасноста на системот како целина и ефективно справување со овој вид криминалитет. Според министерот Спасовски, Министерството за внатрешни работи пристапува со посебно внимание кон случаите на трговија со луѓе, имајќи ги во преден план последиците кои предизвикуваат тешки човечки трауми за жртвите.

 

„Од досегашното искуство во справувањето со трговијата со луѓе, надлежните служби и единици во рамки на Министерството издвојуваат неколку начела, според кои се преземаат сите натамошни активности. Имено, борбата против трговијата со луѓе првично бара проактивен и мултидисциплинарен пристап, поради што ги вклучуваме сите релевантни партнери од институционалните сектори, граѓанското општество и меѓународната заедница и работиме на развивање на регионалната соработка и обезбедување континуирана обука на стручни лица од сите профили. Притоа, клучен елемент за преземање континуирани мерки во насока на подобрување на идентификацијата на жртвите од трговијата со луѓе, како и обезбедување нивна помош и заштита во нашиот систем претставува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Националниот координатор на Република Северна Македонија”, истакна Спасовски, напоменувајќи дека активностите на Националната комисија се современи и иновативни, бидејќи ги следат стандардите за делување од земјите членки на Европската Унија и даваат конкретни насоки за институциите и невладините организации, со цел соодветно преточување во домашното законодавтство.

Министерот Спасовски во своето обраќање се осврна и на моменталните состојби во Република Северна Македонија во делот на трговијата со луѓе, подвлекувајќи дека за разлика од порано, денес Република Северна Македонија е земја на крајна дестинација, земја на потекло и земја на транзит кога станува збор на трговијата со луѓе.

„И додека претходно жртвите беа речиси секогаш млади девојки од Југоисточна Европа, сега забележуваме тренд на регрутирање на жртви од внатрешноста на нашата земја, но и од други земји од регионот. Исто така, во минатото жртвите од трговијата со луѓе беа искористувани, главно, за сексуална експлоатација, но денес истражуваме случаи на трудова експлоатација и трговија со деца за целите на питачење или други форми на криминал. Сѐ повеќе, елементите на експлоатацијата вклучуваат принудни бракови и трудова експлоатација во угостителски објекти”, рече Спасовски, потсетувајќи дека Западно-балканската рута и натаму останува атрактивна за мигрантите, а извештаите на МВР, но и на оние од релевантни меѓународни организации укажуваат дека мигрантите, на нивниот пат до посакуваната дестинација, сè повеќе ги користат услугите на криумчарите, а имајќи ја предвид ранливоста на мигрантите, во многу случаи, самите тие – од корисници на услуги стануваат жртви на трговија со луѓе.

Нагласувајќи ја подготвеноста и на Министерството за внатрешни работи и на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на сите видови мерки кои ќе ја подобрат состојбата со трговијата со луѓе, Спасовски изрази посебна благодарност на Германското друштво за меѓународна соработка, односно Канцеларијата на ГИЗ во Скопје и на МАРРИ Иницијативата, за нивната визија во конципирањето на регионалниот проект „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан – ПаКТ“,

„Синергијата обезбедена во рамките на овој проект придонесе за тесна соработка и координација помеѓу постоечките мрежи во регионот, односно Мрежата на Координатори за превенција од трговијата со луѓе, управувана од МАРРИ и Мрежата на координатори за борба против трговијата со луѓе од Југоисточна Европа, управувана од Меѓународниот центар за развој на миграциска политика, осигурувајќи одржливост, избегнување преклопувања и спроведување на сопствените агенди”, нагласи министерот Спасовски, уште еднаш  потенцирајќи ја важноста која Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја придава на меѓународната соработка, во рамки на која се спроведуваат различни проекти неопходни и за надградба на капацитети, но и за промовирање на постигнатото во рамки на Министерството.

актуелно конференција марри регионална Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.