Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СПАСУВАЧКА ОПЕРАЦИЈА: Од брод близу кипарскиот брег спасени 86 мигранти
Во Фокусот

СПАСУВАЧКА ОПЕРАЦИЈА: Од брод близу кипарскиот брег спасени 86 мигранти

август 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кипарските власти вчера објавија дека спасиле 86 мигранти во неволја кои биле на брод во близина на југоисточниот брег на тој медитерански остров.

Од Заедничкиот координативен центар за помош соопштија дека операцијата за спасување донела на брегот 61 маж, шест жени и 19 деца, сите живи и здрави.

Патролен чамец на поморската полиција и два глисери учествувале во акцијата кај Р’тот Греко, во близина на приморското одморалиште Аја Напа, информираа од Центарот.

Сите тие треба да бидат префрлени во прифатен центар за мигранти кој се наоѓа во предградието на главниот град Никозија.

Информации за националноста на мигрантите и за местото на поаѓање на бродот не се објавени.

Во истото подрачје пред пет дена кипарските власти спасија 60 мигранти во неволја.

Бројот на мигранти кои пристигнуваат со брод е зголемен во 2023 година. Според податоците на островските власти, се работи за забележано зголемување од 60% во првите пет месеци во споредба со истиот период минатата година.

Повеќето од илегалните мигранти кои биле забележани на Р’тот Греко на бродовите се качиле во сириското пристаниште Тартус.

Тврдејќи дека се наоѓа на првата линија на миграциските текови во Европската унија, Кипар со години бара повеќе средства и политичка поддршка од Брисел за решавање на овој проблем.

Од април до јуни биле поднесени 2.381 барање за азил во таа земја.

Република Кипар има власт само над јужниот дел на островот, додека северниот дел од 1974 година и припаѓа на Турција.

Властите тврдат дека барателите на азил претставуваат 5% од 915.000 жители на јужниот дел на островот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

азил актуелно брод кипар мигранти спасување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.