Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Србија може да биде хит во Катар
Фудбал

Србија може да биде хит во Катар

ноември 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Српската репрезентација поради својот квалитет заслужува да се најде на едно од првите две места во групата и да се пласира во нокаут фазата на Светското првенство во Катар. Вака, во интервју за „Новости“, тврди Лука Миливојевиќ (31), капитен на англискиот премиерлигаш Кристал Палас, долгогодишен играч за врска во тој национален состав, чиј дел беше на Мундијалот пред четири години.

Пребрзо, вели, се вратиле од Русија во 2018 година, по само три натпревари, но во меѓувреме работите се промениле на подобро.

„Тогаш можевме да постигнеме повеќе, но со смената на тренерот Славољуб Муслин некои конци пукнаа. Тие грешки се во минатото“, истакнува Миливојевиќ, кој од 2012 до 2020 година настапил 38 пати за А селекцијата и постигна еден гол.

„Самото учество на првенството ме прави среќен, како и повторниот дуел со Бразил. Ме фасцинира играта на „орлите“ во последно време и едвај чекам да започне дуелот од првото коло. Недостатоците што ги имаше мојата генерација, тренерот Драган Стојковиќ успеа да ги препознае и поправи. Да не ме сфати некој погрешно, знаевме и да пружиме добри и атрактивни игри, но, како во решавачкиот меч со Швајцарија, некои чудни работи или недостаток на среќа не одделија од повисоката цел.“

„Петарда“ на Србија против Бахреин (5:1), на последниот тест натпревар пред Мундијалот, доволно го отсликува пристапот и карактерот на српските фудбалери.

„Имаме причини за оптимизам. Добивме добро познати противници. На претходниот Мундијал делевме група со Бразил и Швајцарија, а селекторот Стојковиќ добро знае дека никако не треба да има опуштање ниту за дуелот со Камерун. Бодовите од пресметката со африканската селекција би можеле да бидат решавачки кога ќе се одлучува за пласманот. Можеби не ни оди на рака редоследот на противниците, подобро ќе беше Бразил да беше на крајот, а не на почетокот. Сепак, можеме да се надигруваме со јужноамериканците и да ги совладаме со колективна игра. Имаме одлична атмосфера, тимски дух, а овие фактори на крајот би можеле да ни ја донесат улогата на најпријатното изненадување на Мундијалот.“

Миливојевиќ верува дека биле добро екипирани на сите линии. После подолго време сите позиции во селекцијата ги покривале по двајца или тројца подеднакво квалитетни играчи. Добро било и тоа што го подмладиле тимот, а не ги загубиле ниту системот, ниту принципите и балансот.

Тој се надева дека дуелот со Швајцарците ќе биде поинаков од оној од 2018 година (1:2). Очекува да ја чуваат топката и да ја контролираат играта.

„Имаме квалитетни играчи, можеби и најдобрите во шпицот. Очекувам да го решиме прашањето за победникот пред финишот. Сигурен сум дека нема да има ‘реприза’ со Швајцарците, дури и да го имаме најлошиот судија“, се потсети Миливојевиќ, кога, вели, не им бил досуден чист пенал после прекршок врз Митровиќ.

Бразил Камерун Катар Мундијал светско првенство србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 2026

Фермин: Звучи како клише, но има уште натпревари до крајот на сезоната

април 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.