Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев – Мускат: Ќе ги зајакнуваме економските врски, Македонија има политичка и техничка поддршка на патот за ЕУ
Македонија

Средба Заев – Мускат: Ќе ги зајакнуваме економските врски, Македонија има политичка и техничка поддршка на патот за ЕУ

ноември 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров, за здравство Венко Филипче и Едмонд Адеми министерот без ресор, задолжен за дијаспора денеска се сретна со премиерот на Малта Џозеф Мускат, кој со владина делегација престојува во прва официјална посета на нашата земја.

По церемонијата на пречек со високи државнички и воени почести, премиерите Заев и Мускат имаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарна сесија, на која делегациите на Македонија и Малта ја потврдија досегашната одлична соработка и разговараа за идните проекти со цел зацврстување и унапредување на политичките и особено економските врски меѓу двете земји.

Претседателите на Владите на Република Македонија и Малта, Заев и Мускат одржаа и заедничка прес-конференција. Премиерот Заев во своето обраќање изрази благодарност за исклучително пријателскиот пречек при посетата на Малта во мај годинава и подвлече дека возвратната посета е силен знак дека двете земји ги одржуваат и постојано ги унапредуваат позитивните и конструктивни билатерални односи.

„Јас и Џозеф, како и членовите на двете делегации, денеска разговаравме за започнувањето на непосредни конзуларни услуги за граѓаните на Република Македонија во Ла Валета. Тоа ќе биде од директна корист за сите граѓани на РМ кои живеат и работат во Малта, рече премиерот Заев.

Тој додаде, дека со колегата од Малта разговарале за зацврстувањето на билатералните дипломатско-политички односи и заклучиле дека тие создаваат силен импулс за интензивирање и проширување на економската соработка.

„Во таа насока се договоривме да ги поттикнеме Стопанските Комори во Република Македонија и Република Малта да воспостават комуникација и да ги препознаат можностите што се отвораат меѓу нашата земја како скорешен член на НАТО и на ЕУ, како земја со рекорден прилив на странски директни инвестиции во годината што изминува, со Малта како земја членка на Европската Унија“, информираше македонскиот премиер, кој додаде дека во таа смисла од голема помош е и Протоколот за соработка за промоција на трговските потенцијали меѓу двете земји што се потпиша за време на неговата посета на Малта во мај оваа година.

Премиерот Заев ја подвлече посветеноста на Владата да испорача видливи и реални резултати во интензивирање на домашните реформи во судството, во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во реформите на безбедносните и разузнавачките служби и во реформирањето на јавната администрација.

„Унијата и земјите членки се постојано со нас на овој наш пат кој сите заеднички очекуваат да заврши со членство во Европската Унија. И оваа посета, посетата на премиерот, Мускат и на владината делегација на Република Малта е силна поддршка за нашата земја. Малта нè подржува од секогаш на нашиот пат во интеграциите во Европската Унија. Ние сметаме на асистенцијата на Малта и на нивната поддршка и на институциите на Европската Унија и благодарни сме, што добивме и понуда од Премиерот на Малта за пренесување на искуство и човечка поддршка во делот на отворање на скрининг процесот како и во делот на отворањето на Поглавјата“, рече претседателот на македонската Влада.

Во таа насока, премиерот на Малта, Џозеф Мускат во својот говор пред новинарите рече дека неговата земја останува посветена на афирмирана политичка и техничка поддршка за напорите на Македонија за членка на Европската унија, додавајќи дека Малта иако најмала земја-членка на Европската Унија има најголем развој на економски план.

Премиерот Мускат на својот колега Заев, му пренесе дека со восхит ги следи завршните процеси, вклучувајќи ги уставните измени и изрази уверување дека сето тоа ќе биде ценето и од корист за сите македонски граѓани и дијаспората која живее во Малта. Премиерот Мускат изрази задоволство од можноста да се понудат конзуларни услуги од страна на РМ за македонските граѓани кои живеат во Малта. Истовремено, изрази интерес да се склучи билатерален договор за регулирање и заштита на нивните работнички права таму. Истовремено, премиерот на Република Малта најави очекувања за проширување на формите на соработка меѓу двете земји и тоа во областа на здравството, трговијата и размена на инвестициите, информирајќи дека наскоро очекуваат посета од македонска бизнис делегација.

актуелно Заев македонија малта посета џозев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.