Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, попладнево се сретна со лидерите на коалициските партии, кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“.
За текот на средбата беше издадено соопштение.
„На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС“, се наведува во соопштрението.
Патем се додава и тоа дека „се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните“.
Во случајот со изборот на Талат Џафери за избор на претседател на Собранието биле прекршени уставот, законите и деловникот, и за тоа „мора да има одговорност“.









