Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун отпатува за Пјонгјанг на состанок со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, каде што со „отворено срце“ ќе разговараат за прашањето на мирот, просперитетот и повторно соединување, пренесе државна девернокорејска агенција КЦНА.
„Ким Јонг Ун со отворено срце ќе разговара со Мун Џае Ин за прашаењата поврзани за подобрување на односите на двете Кореи и постигнување на мирот, напредокот и повторно обединување на корејскиот полуостров“, извести КЦНА.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин ќе го дочека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во јужнокорејскиот дел во граничната демилитизирана зона Панмунџон, на првиот самит на двете страни после повеќе од 10 години, а само трет за 65 години од крајот на Корејската војна.







