Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, Исмаили и Ромео потенцирале дека двете земји имаат традиционално добра соработка во сите дејности од областа на културата, што се потврдува и со голем број на реализирани проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји.
„Размената на проекти и уметници постои во областа на заштитата на културното наследство, издавачката, драмската и ликовната дејност, а особено е изразена соработката во филмската дејност, која се реализира согласно потпишаниот Договор за развој на копродукциски проекти меѓу Генералната дирекција за филм при италијанското Министерство за културни добра и културни активности и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија“, посочува Министерството.
Во тој контекст, како што се наведува во соопштението, од особено значење е и склучувањето на Спогодбата меѓу Агенцијата за филм и најголемиот филмски фестивал за деца и млади во Европа „Џифони Експириенс“, во чии рамки досега се реализирани и три регионални едукативни филмски фестивали за деца и млади „Џифони Македонија“.
„Двајцата соговорници разговараа и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји, како гостувањето на Здружението на граѓани „Артопија“ од Скопје во рамки на мрежата на театри и проект-лидер на проектот „Поетика на срамот“, во рамки на манифестацијата Матера – Европски град на културата 2019, Продукцијата „Меденица“ ќе го реализира проектот „Мала Италија патува“, а АНПИ „Емин Дураку“ ќе учествува на Меѓународен фолклорен фестивал во
Агригенто“, стои во соопштението.







