Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба на премиерот Заев со Израелскиот амбасадор Орјан
Македонија

Средба на премиерот Заев со Израелскиот амбасадор Орјан

јуни 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на  Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрово се сретна со амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Орјан.

Израелскиот амбасадор Орјан на премиерот Заев му врачи честитка од име на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за неговиот избор за претседател на Владата на Република Македонија.

На средбата е изразена поддршка на промените во Македонија, во коишто се гледа можност за стабилност во државата и економски перспективи.

Амбасадорот на Израел Орјан  најави интерес на израелски компании за инвестирање во Македонија, кои чекале на политичка стабилизација на Република Македонија. Земјоделството, енергетиката се некои од областите за кои има потенцијални  инвеститори.

„Ќе ја продолжиме и ќе ја засилиме добрата соработка со Израел, на сите полиња, што може да придонесе до квалитетен живот на граѓаните на Македонија. Новата Влада е силно ориентирана кон економски развој на државата, а инвестициите се важни за отворањето нови работни места. За таа цел, Владата посветено работи на обезбедувањето услови за работа на компаниите со што се отвораат можности и за достоинствена егзистенција за работниците и граѓаните на Македонија“, рече премиерот Заев.

На средбата е поздравена добрата соработка помеѓу двете држави. Амбасадорот на Израел се заблагодари за грижата на државата за еврејската заедница во Република  Македонија. Договорено е продлабочување  на односите помеѓу двете земји и преку средби и посети на високо владино и државно ниво.

актуелно Дан Орјан Зоран Заев Израел сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.