Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Трамп-Тереза Меј во петок во Белата куќа
Некатегоризирано

Средба Трамп-Тереза Меј во петок во Белата куќа

јануари 23, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на САД Доналд Трамп во петок во Вашингтон ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, соопшти денес портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Спајсер вели дека Тереза Меј ќе биде прв странски лидер кого Трамп ќе го прими откако на 20 јануари стапи на должност.

Тереза Меј во интервју за „Фајненшел тајмс“ изјави дека „верува во идните односи меѓу Лондон и Вашингтон.“

„После разговорот кој веќе го водевме, повторно сум убедена во заедничката решеност да унапредиме посебни односи меѓу нашите две земји и заеднички да работиме за просперитет и безбедност на нашите граѓани од двете страни на Атлантикот“, посочи британската премиерка.

Таа додаде дека „многу се радува“ на разговорот за унапредување на билатералните односи и другите важни прашања.

Меј денес за Би-Би-Си изјави дека со Трамп ќе разговара за слободна трговија меѓу Велика Британија и САД и значењето на НАТО, и изрази уверување дека американскиот претседател, иако неодамна рече дека Алијансата е „застарена и одмината“, ќе умее да ја препознае нејзината важност.

Уште додаде и дека администрацијата на Трамп е заинтересирана за склучување спогодба за слободна трговија со Велика Британија, и покрај политиката „Америка на прво место“ за која Трамп рече дека ќе биде негов приоритет.

Таа, меѓутоа, одби директно да одговори на прашањето дали со Трамп ќе разговара и за неговите претходни коментари на сметка на жените.

Неколку дена пред инаугурацијата, Трамп рече дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е „паметен потег“ и најави дека „што е можно побрзо“ ќе склучи спогодба за слободна трговија со Лондон.

Како што соопштуваат од Белата куќа, Трамп на 31 јануари во Вашингтон ќе се состане и со мексиканскиот претседател Енрике Пења Ниета, а според зборовите на Спејсер, главните теми на состанокот ќе бидат трговската размена и прашањата за миграција и безбедност.

актуелно Велика Британија Доналд Трамп САД слободна трговија спогодба Тереза Меј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.