Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Шекеринска-Крстичевиќ: Потпишувањето на протоколот за НАТО историски успех за Македонија
Македонија

Средба Шекеринска-Крстичевиќ: Потпишувањето на протоколот за НАТО историски успех за Македонија

февруари 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хрватскиот заменик-премиер и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој престојува во посета на земјава, како историски успех за Македонија го означи утрешното потпишување на Протколот за пристапување во НАТО од страна на земјите членки во Брисел.

Со потпишувањето на Протоколот, истакна тој на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на Македонија и се овозможува продолжување на евроатлантските интеграции, идното членство и во НАТО и во Европската унија.

Тој изрази задоволство што токму оваа недела е во Скопје кога се случува овој историски момент за Македонија и додаде дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува земјата на европскиот и евроатлантскиот пат со пружање на сето хрватско знаење и искуство. Потсети дека хрватската Амбасада во Скопје во 2017 и 2018 година беше контакт со структурите на НАТО во целиот процес што Македонија го реализираше во тој период, меѓу кои беа и претпристапните разговори.

„Хрватска и Македонија се пријателски земји, имаат извонредна одбранбена соработка, земјите се заедно во А5-иницијативата во рамките на која имаат извонредна соработка и заеднички подготовки на нашите војници за учество во мировни мисии, изјави Крстичевиќ.

Тој им честита на Македонија и Грција за Договорот од Преспа и за тоа што успеале да решат еден толку тежок спор.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што токму во овој момент пред утрешното потпишување хрватскиот министер за одбрана доаѓа во посета на Македонија.

„Колегата Крстичевиќ има одличен тајминг. Пред една и пол година првпат се сретнавме за да им честитаме на нашите црногорски колеги за членство во НАТО и тогаш и од него и од другите министри за одбрана во регионот ја добив истата порака дека ја очекуваат Македонија како следна. Но, пред една и пол година беше тешко да се биде оптимист. Имаше премногу причини да сметаме дека по една изгубена декада работите ќе одат тешко, рече Шекеринска и додаде дека Хрватска во тој период и дала голема поддршка на Македонија и во воена и во политичка смисла.

Шекеринска изрази очекување дека Хрватска многу брзо ќе го поддржи со ратификација членството на Македонија во Алијансата.

Таа посочи дека на примерот на Хрватска се видело колку членството во НАТО позитивно влијае не само врз безбедноста, туку и врз сите политички процеси, но и врз интегрирањето во ЕУ.

Министерката за одбрана додаде дека наскоро повторно ќе се сретне со нејзиниот колега Крстичевиќ, но овој пат во Брисел, следната недела, кога по потпишувањето на Протоколот првпат македонски министер ќе седне на иста маса со останатите земји членки, во рамки на состанокот на министрите за одбрана на државите од Алијансата.

„Колега Дамир се гледаме наскоро во НАТО. Ќе ми биде задоволство следната наша средба да биде во Брисел на првото официјално учество на еден министер за одбрана од Република Македонија, која во тој момент ќе биде и Република Северна Македонија на состанок со сите министри за одбрана на НАТО-Алијансата, посочи Шекеринска.

Двајцата министри како исклучително плодна ја оценија соработката во одбраната меѓу двете земји, а Шекеринска напомена дека таа соработка не се одвива само во рамки на процесот на приклучување на Македонија во НАТО, туку се развива и во други насоки.

Дамир Крстичевиќ посочи дека ќе продолжи соработката во однос на обуката и образованието на македонски војници на Хрватската воена академија, а Хрватска ќе ги пренесе своите искуства и во процесот на преструктурирање на АРМ и Министерството за одбрана. Македонија и Хрватска ќе ја зајакнат соработката и во активности за вклучување на војската за справување со елементарни непогоди, но и во соработката меѓу специјалните сили.

Крстичевиќ за време на престојот во Македонија ќе ги посети специјалните сили на АРМ, ќе се запознае со нивната работа и ќе ги пренесе хрватските искуства во таа насока.

„Хрватската војска е подготвена да помогне околу реорганизацијата, опремувањето и обучување на групите за специјални копнени операции, рече Крстичевиќ.

Истакна оти Хрватска има развиена воена индустрија и е подготвена на Македонија да и ги пренесе своите искуства во таа сфера.

актуелно историски македонија НАТО успек
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.