Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средношколците ја бојкотираа наставата со барање за чист воздух, некои се соочија со закани
Скопје

Средношколците ја бојкотираа наставата со барање за чист воздух, некои се соочија со закани

декември 20, 2019Updated:декември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Средношколците денеска ја бојкотираа наставата во повеќе училишта во Скопје, но и во други градови во знак на протест поради загадувањето на воздухот, во пресрет на денешниот протест против загадувањето.

Средношколците со заштитни маски и транспаренти излегоа во училишните дворови со порака. „Нема воздух нема мир!“.

Некои од нив слободно го изразија своето негодување против загадување, но некои се соочуваа со закани од наставниците и директорите на училиштата.

Меѓу оние кои денеска ја бојкотираа наставата беа и учениците од средното училиште „Никола Карев“, а директорката таму им се закани дека ќе сносат последници за своите постапки.

Снимката со директорката беше објавена на социјалните медуми, а на неа таа вели: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам“.

-Имаме здраво општество. Општество на граѓани кои остро се противат на поединци кои имаат проблем со демократијата, како што е фамозната директорка која се заканувала со последици врз учениците. Нема простор за закани, осуда за овој недемократски чин, напиша националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил.

По најавите за можни притисоци врз средношколците кои сакаат со бојкот или излегување на вечерашниот протест да ја изразат својата загриженост од загадениот воздух и климатските промени, од Младинскиот образовен форум ги повикаа средношколците да ги пријавуваат сите форми на закани.

„Доколку средношколците сметаат дека преку организиран протест ќе го привлечат вниманието на јавноста и институциите кон аерозагадувањето, тогаш тие треба да имаат можност без притисок, закани и опструкции да ги искористат своите права. Младински образовен форум го поддржува ученичкото организирање и се залага за исполнување на уставно загарантираните права, во овој случај на средношколците.

Ние стоиме на располагање на сите млади кои ќе се најдат во ситуација каде интегритетот на нивните ученички права би бил загрозен“, велат од МОФ.

За денеска во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан уште еден протестен марш против загадувањето – Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!, кој ќе се одржи во организација на Зелен фронт, Зелена Револуција.

-Во исчекувања на првиот рок за исполнување од нашите над 100 барања – 31.12.2019, #ЗеленФронт на здружени над 40 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември.

Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш. 17:00 пред Министерството за животна средина, крајна цел: пред Влада. Остануваме на улиците за да ги потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент, се вели во објавата за протестот.

 

 

 

МИА

актуелно бојкот настава средношколци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.