Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СРЕЌА ИЛИ ЗАГОВОР: Во Ужгород е се’ некако нормално, таму никогаш не паднала бомба…
СВЕТ

СРЕЌА ИЛИ ЗАГОВОР: Во Ужгород е се’ некако нормално, таму никогаш не паднала бомба…

декември 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кафулињата, баровите и рестораните во украинскиот град Ужгород, посебно оние на шеталиштето покрај река Уж, отворени се до доцна во ноќта и се прилично прометни. Иако градот се наоѓа во земја која во изминатата година и половина се брани од руската инвазија, неговите жители не чувствуваат премногу страв, а во своите домови ги тера студот, а не звукот на сирените за тревога.

Ужгород, административен центар на Закарпатската област, се наоѓа на самиот југозапад на Украина.Тој е единствениот главен град на некоја украинска област каде што нема полициски час и кој не бил погоден од ниту една руска ракета.

Љубителите на теориите на заговор велат дека причината за отсуството на ракетни напади е договор меѓу Орбан и Путин.

Меѓутоа, самите жители сметаат дека вистинската причина е немањето стратешки капацитети во регионот и близината на неколку земји членки на ЕУ и НАТО.

Ужгород се наоѓа веднаш на границата со Словачка, а од Унгарија е одалечен околу 30 километри.

Историјата на градот датира од 9 век. Древниот Ужгород често го нарекувале „прозорец кон Европа“, бидејќи се наоѓа во срцето на Заткарпатието, а неговата положба и мултикултурното влијание го направиле едно од најатрактивните места во Западна Украина.

Беше под унгарска контрола од 11 до крајот на 17 век, кога и припаѓаше на Австро-унгарската монархија.

Стана дел од Чехословачка во 1919 година, па на Унгарија во 1938 година, а потоа и Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна. Исто како што источна Украина гледаше кон Русија, Ужгород после по 45-тата имаше погледи цврсто вперени кон Запад. И пред сеопфатната руска инвазија на Украина, тој беше град на слаткарници, кафулиња и ресторани.

„Овде сè се случува толку бавно и тивко. Луѓето забавуваат за пешаците и трпеливо чекаат на каси да им се врати кусурот. Дури и зборуваат потивко отколку таму од каде што сме ние. Луѓето овде живеат во рајот, а за тоа не се ни свесни“, изјави за германски „Шпигел“ учителката Елена, која во летото 2022 година побегна во Ужгород од Херсон со нејзиниот внук.

Од самиот почеток на нападот на Русија, многу Украинци побегнаа од Мариупол и Харков тука, а многу компании од Киев го преселија своето седиште токму во Ужхород.Овде доаѓаат цели семејства, особено мажи на кои не им е дозволено да ја напуштат земјата.На почетокот на војната, населението скокна од 110.000 на 150.000 за само една недела. Сега, според неофицијални бројки, бројот порасна на 400.000 до 500.000 и речиси е невозможно да се најде место за изнајмување. Цените на пазарот на недвижности значително ги надминаа оние во Киев од почетокот на инвазијата, бидејќи богатите Украинци се подготвени да платат повеќе за изнајмување на стан или куќа во еден од најбезбедните региони во Украина. Побарувачката за недвижен имот во Ужхород е огромна.

Валентин Стефанјо, најпознатиот слаткар во Ужгород, се школувал во Франција и ја претставувал Украина на светското првенство на слаткари во 2008 година. Една година подоцна, тој се вратил во родниот Ужгород и со својата сестра ја отвориле слаткарницата „Штефанјо“.Секој ден во нивната слаткарница луѓето уживаат во вкусовите на специјалните слатки од бадемово брашно, овошните кули и разните десерти од марципан.Во близина на „Штефанјо“ се еспресо барот „Бајрон“, Кафе „Токио“ и ирскиот паб „Иган“.

Војната овде пристигнува само по заобиколен пат, преку приказните на мажите кои избегале од првата линија на фронтот.

Луѓето овде велат дека не се запознаени со војната, но тоа не е точно. Војната до нив можеби не стигнува во форма на фиучење на ракети, но се манифестира во тажната песна што доаѓа од автомобилите.

Погребни коли со војници минуваат по главната улица речиси секој ден. Потоа засвирува народна песна од Закарпатието која стана реквием за паднатите борци.

„Секогаш ја пуштаат. Живееме на деветти кат, но секогаш ја слушаме“, вели Елена од Херсон.

Гробиштата во Ужгород одамна станаа премали за телата на сите мажи кои загинаа во војната, па ливадата во близина е пренаменета како вечен дом на војниците.

Но, кога би ги прашале граѓаните на Ужгород каква е состојбата во земјата, популарниот одговор би бил „нормална“.Ужгород е олицетворение на амбивалентноста кон војната.Украинците сметаат дека нормалноста треба да се одржи без оглед на цената и не сакаат да дозволат секојдневните ужаси на војната да ги потресат, бидејќи тоа би било еднакво на капитулација пред непријателот.

„Во пролетта 2022 година, сите почувствувавме егзистенцијална закана. Денес, опасноста од руски ракетни напади не е намалена. Но, можете целосно да избегате во илузијата на алтернативна реалност“, напиша неодамнешниот воен капелан Андриј Зелински за „Украинска правда“.

Професорот по социологија и филозофија на Универзитетот Ужгород, Федир Шандор, веднаш по почетокот на инвазијата доброволно се пријавил за воена служба и набрзо се нашол на фронтот во Донбас.

Откако бил ранет, Шандор станал одговорен за „воено-цивилна соработка“, односно враќање на мртвите војници дома, превезувајќи ги низ целата земја. “Можам да разберам зошто луѓето сакаат да го избегнат сето тоа, и јас го сакам слободното време на Ужхород. Не ми пречи што младите пијат цела ноќ. Всушност, се борам за тој начин на живот! Но понекогаш морате да бидете подготвени да умрете за начинот на кој сакате да живеете“, вели Шандор.

актуелно војна инвазија русија Ужгород Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.