Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стартува повратот на ДДВ за граѓаните
Економија

Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

јуни 19, 2019Updated:јуни 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата да ги бараат фискалните сметки за производите што ги купиле, а што ќе им бидат
неопходни за да им се врати 15 отсто од Данокот на додадена вредност преку новата услуга „Мој ДДВ“.

За тоа ќе треба да имаат најмалку 15 години, важечка лична карта или пасош и да бидат регистрирани или да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП, да имаат своја активна трансакциска сметка и да ја симнат апликацијата „Мој ДДВ“ на нивниот мобилен телефон од веб страницата  на УЈП.

Повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање на баркодовите на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката.

Ќе важи само за граѓаните и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. Нема да важи за сторнирани фискални сметки и ќе препознава дали сметката е исправна или не, односно фиктивна компјутерска. На ранливите категории и постарите лица кои не се во можност да го направат тоа ќе им помагаат мобилните екипи и мобилните даночни шалтери на УЈП и 80 волонтери. Ќе има на располагање и баркод читачи, мобилни телефони во сите организациски единици на УЈП преку кои ќе се врши читањето и киоск апарати, а на еден мобилен телефон ќе биде оставена можност да има повеќе профили. За
парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок.

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.

„Владата го изгласа законот за враќање на 15 проценти од платениот ДДВ за граѓаните со што почнува реализацијата на еден од најважните проекти од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Мерката ќе почне да се реализира од 1 јули со што едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметката до 28.800 денари годишно во семејниот буџет. Можноста за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнето 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните
места, а потоа да ги скенираат на својот мобилен телефон, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека преку проектот „Мој данок, моја заштеда“ граѓаните заедно со финансиските институции ќе остварат две главни цели од кои првата е да се вратат пари кај граѓаните, а втората да учествуваат во намалување на сивата економија и во елиминација на даночното затајување на ДДВ. На тој начин годишно, како што рече, на граѓаните ќе им се вратат над 50 милиони евра од поврат на ДДВ.

„Ова е мерка насочена кон граѓаните и првпат во нашата земја државата враќа дел од ДДВ директно на сметките на граѓаните. Досега поврат на ДДВ остваруваа само компаниите, а сега таа придобивка ја остваруваме за сите граѓани. Заради правичност за да не се случи повратот да оди кај богатите поставени се лимити и нема да има можност за поврат на ДДВ-то од сметка над 30.000 денари, рече Заев и додаде дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит.

Министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека данокот е она што граѓаните го вложуваат во државата и тој се враќа преку јавното образование, здравство, инфраструктурата, градинките, парковите центрите за социјална заштита.

„Сега првпат од вашиот платен ДДВ, 15 проценти ќе ви биде вртен на сметката како заштеда. Го завршивме законскиот дел и направивме систем со кој ќе се врши поврат, им порача Тевдовски на граѓаните.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека Управата е целосно подготвена за стартот новата мерка и додаде дека во изминатиот период тим од УЈП заедно со Министерството за финансии интензивно и посветено работеше на креирање модерен, брз, ефикасен и едноставен начин преку кој граѓаните ќе можат да го искористат своето право за поврат на ДДВ.

„Од 1 јули фискалните сметки нема да претставуваат парче хартија кое ќе ги потсетува граѓаните колку пари потрошиле, туку и на парите кои ќе им се вратат. По стартот на мерката на секој граѓанин ќе му биде важно дали фискалната сметка е валидна или за производот кој го купиле некој им издал незаконска фискална сметка и со тоа им го скратил правото да остварат поврат на ДДВ. Апликацијата дозволува скенирање само на валидни фискални сметки, додека незаконските – компјутерски сметки не ги препознава. На тој начин граѓаните ќе знаат кој им го скратил правото, ќе ни помогнат во борбата против сивата економија и ќе бидат наши партнери и еден вид инспектори, рече Лукаревска.

актуелно ДДВ повраток старт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.