Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стевкова Штериева: Банкарскиот сектор во одлична кондиција, не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од банките
Економија

Стевкова Штериева: Банкарскиот сектор во одлична кондиција, не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од банките

август 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Во изминатите денови не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од страна на граѓаните кои би можело да се припишат на настаните поврзани со „Еуростандард банка“.

Ова во изјава за МИА го посочи претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева.

-Кај некои од банките беа забележани определени гужви на шалтерите, но информациите од тие банки покажуваат дека тоа е поврзано со редовни активности за исплата на плати и слични банкарски услуги кои се типични за овој период во месецот. Одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ нема да има негативен одраз на работењето на останатите банки. Повторуваме дека банките и штедилници се и остануваат сигурни и им порачуваме на македонските граѓани дека може да бидат спокојни и дека ова, како што истакна и гувернерката, е изолиран случај, вели таа.

Нагласува дека членките на Македонската банкарска асоцијација во соработка со институциите ги превземаат сите потребни активности за да им излезат во пресрет на клентите кои биле корисници на банкарските услуги од „Еуростандард банка“.

-Вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од нашите членки преку која во иднина сакаат да ги добиваат приливите на парични средства. Банките и штедилници, членки на МБА, се отворени не само за нудење на депозитните производи туку и за рефинансирање на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка“, во согласност со нивните деловни политики, додава Стевкова Штериева.

Членките на МБА, појаснува таа во изјавата за МИА, веќе се подготвуваат во наредниот период активно да учествуваат во исплатата на обештетувањето од страна на Фондот за осигурување на депозити.

-Во контекст на актуелниве случувања, би сакала да истакнам уште нешто. Отворањето на стечај на оваа банка треба уште еднаш да не потсети на нешто што во јавноста понекогаш се заборава. Комерцијалните банки, а такви се сите банки во нашата земја, работат со средства на депонентите и една од нивните главни функции претставува не само тие средства да се пласираат како кредити, туку и тие кредити редовно да се наплатуваат и во секој момент кога депонентите ќе ги побараат своите пари истите да се исплатат на сопствениците. Поради тоа кога се критикуваат банките дека не кредитираат во обем кој го посакуваат барателите на кредити, мора да се има предвид дека банките го проценуваат и мерат ризикот тие кредити да не бидат вратени, нагласува Стевкова Штериева.

Истакнува дека без претензија да ги дискутира состојбите поврзани со „Еуростандард банка“, мошне сериозно треба да се гледа на одобрувањето на кредити и нивната наплата.

-Банките не се обични компании, тие се трансмисионен механизам меѓу оние кои имаат средства и оние кои немаат средства (а имаат квалитетни бизнис проекти), поради што позајмувањето на тие средства од страна на банките не смее да биде на штета на тие кои на банките им ги довериле средствата на чување. Граѓаните мора постојано да ги потсетуваме дека парите кои се земаат како кредити не се пари на банката, тоа се пари на некои други граѓани, истакнува таа.

Вели дека последниве денови во јавноста е многу присутна една појава што е особено сериозна кога станува збор за работењето на банките. Станува збор за коментирањето на состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки од различни, како што посочува, „добронамерни” експерти, „кои злонамерно ги коментираат состојбите на начин којшто внесува страв кај населението“.

-Употребата на лични профили на социјалните мрежи, зачинето со полувистини, невистини или искривени толкувања на одредени информации, може да внесе непотребна паника и конфузија и да има особено штетно влијание на перцепциите на граѓаните за банките. Во овие и онака тешки времиња кога се справуваме со кризата предизвикана од Ковид-19, кога се вложуваат максимални напори да се обезбедат банкарски услуги на клиентите и при тоа да се сочува нивното здравје, паралелно со дистрибуцијата на веродостојни и корисни информации кои ќе им го олеснат животот на луѓето, ние сме сведоци на бројни тенденциозни и малициозни дезинформации кои ги збунуваат и вознемируваат граѓаните, потенцира претседателката на МБА.

Стевкова Штериева во изјавата за МИА вели дека МБА препорачуваат особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите од официјални и проверени извори, а да се игнорираат „информации“ дистрибуирани преку неофицијални извори какви што се лични профили креирани на социјалните мрежи.

актуелно банкарски сектор штериева
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.