Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стејт департмент: С. Македонија креира поволна бизнис клима, ризик е коронакризата
Економија

Стејт департмент: С. Македонија креира поволна бизнис клима, ризик е коронакризата

септември 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Правната рамка за инвестирање во Северна Македонија во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните. Земјата ја поедностави регулаторната рамка за странските инвеститори што работат во ТИРЗ, кои генерално имаат позитивни искуства и добра соработка со владините претставници. Дополнителни позитивни фактори за поттикнување на странските директни инвестиции (СДСИ) и економскиот раст е што земјата влезе во НАТО, го реши спорот за името со Грција и ги почнува преговорите за членство во ЕУ.

Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година, што го објави американскиот Стејт департмент.

Сепак, се додава во извештајот, целокупната регулатива останува сложена и честите законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција.

– Владата генерално ги почитува и спроведува законите, но има извештаи дека некои државни службеници се вклучени во коруптивни активности. Според невладините организации, доминантната улога во економијата што ја имаше Владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ создаде можности за корупција. Владата предводена од СДСМ, која стапи на должност во 2017 година, вети дека ќе ја зајакне транспарентноста и владеењето на правото, и успеа да пренесе одредена моќ од политичките партии до судските институции, се вели во извештајот.

Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија сега е членка на НАТО и е поканета да започне преговори за пристапување во ЕУ, што ќе поттикне зголемени странски директни инвестиции и економски раст. По потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, решавањето на повеќедеценискиот спор за името со Грција и отклучување на патот на земјата кон влез во НАТО и ЕУ, Северна Македонија и Грција потпишаа дополнителни билатерални договори за одбрана, енергетика, цивилна авијација и технологија во април 2019 година. Напорите што ги направи Северна Македонија за да постигне членство во НАТО и напредок во нејзината покана за пристап во ЕУ, резултираше со позитивен економски раст, што беше потврдено со раст на БДП од 3,6 проценти во 2019 година.

Привлекувањето на СДИ, се посочува во извештајот, е еден од главните столбови на владата за економски раст и создавање работни места. Северна Македонија одржува релативно попустлива регулаторна рамка, а нејзините институции обезбедуваат еднаков третман на странските инвеститори и домашните деловни интереси под слични околности. Во 2019 година, голем број земји и странски компании најавија инвестиции во Северна Македонија и нови операции во слободните економски зони познати како Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Во минатото, конкурентските трошоци за работна сила на Северна Македонија, близината до европските производители на автомобили и владината помош привлекуваа странски компании за автомобилски делови. Односот на владата кон СДИ, заедно со регулаторната и институционална рамка, остануваат привлечни за инвестициите од САД, и следствено на тоа, голем број американски компании успешно работат во Северна Македонија, пишува во извештајот за инвестициската клима во земјава.

Се посочува и дека Извештајот за деловно работење на Светска банка во 2020 година ја рангираше Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места во однос на претходната година. Фич го надгради претходниот кредитен рејтинг на Северна Македонија од BB во BB+ со стабилна перспектива, а Стандард и Пурс го потврди својот кредитен рејтинг на BB- со стабилна перспектива. Транспаренси Интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 106-то место од вкупно 180 земји во својот индекс на перцепција на корупција во 2019 година, што е за 13 места помалку од претходната година.

Во извештајот на Стејт департмент, сепак, се предупредува дека без оглед на овие економски достигнувања, социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на Северна Македонија и способноста да ги апсорбира странските инвестиции.

– Оваа година, фирмите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби, а владата започна да воспоставува ограничувања за намалување на негативните економски ефекти од КОВИД-19, вклучително и контрола на цените и ограничувања на движењето на луѓето. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година, но и потоа, се наведува во извештајот на Стејт департменто на САД за инвестициската клима во Северна Македонија.

бизнис клима корона вирус креирање поволна ризик северна македонија Стејт департмент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.