Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стигнуваат таблети против корона вирус
СВЕТ

Стигнуваат таблети против корона вирус

ноември 9, 2021Updated:ноември 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американските фармацевтски гиганти „Мерк“ и „Фајзер“ неодамна објавија охрабрувачки резултати од испитувањата на своите орални лекови за излекување од Ковид-19.

Се работи за таблети кои се земаат орално веднаш откако ќе се појават првите симптоми на оваа пандемиска болест за да се избегнат тешки облици, а со тоа и болничко лекување.

За таква форма на лекување се трага откако почна оваа глобална здравствена криза.

После повеќемесечни истражувања „Мерк“ и „Фајзер“ објавија дека стигнаа до целта.

„Мерк“ на почетокот на октомври објави дека за својата таблета „молнупиравир“ бара одобрение за употреба во Соединетите Американски Држави, а „Фајзер“ истото тоа го стори минатата недела за својот лек „паксловид“.

Во двата случаја се работи за антивирални лекови кои дејствуваат на тој начин што ја смируваат можноста од реплицирање на вирусот, со што се забавува развојот на болеста.

Двете компании тврдат дека клиничките испитувања покажуваат дека користењето на лековите значително го намалува ризикот од хоспитализација.

„Мерк“ тврди дека „молнупиравир“ го намалува ризикот за 50 отсто, а пак од „Фајзер“ се сигурни дека „паксловид“ штити до 89 отсто, иако стапките на ефикасност не треба директно да се споредуваат поради различните протоколи за тестирање.

Антидепресивот кој веќе и е достапен на јавноста, „флувоксамин“, исто така покажа охрабрувачки резултати во спречување на сериозни облици на болеста, покажа студијата на бразилските научници објавена во октомври во Лансет.

Ако се потврди ефикасноста на таблетите, тоа ќе биде голем чекор напред во борбата со ковид и заедно со вакцините ќе го засили терапевтскиот арсенал против вирусот.

Терапии веќе постојат, главно во форма на синтетски антитела, но тие лекови се вбризгуваат и обично им се даваат на пациенти кои се веќе тешко болни.

Од друга страна, таблетите можат брзо да се препишат и можат едноставно да се земаат, а притоа пациентот да не го напушта домот.

Лечењето со таблетите на „Мерк“ и „Фајзер“, кои засега не предизвикуваат многу нус појави, би траело пет дена по две таблети дневно.

„Успехот на тие антивирални лекови отвара ново поглавје во спречување на тешки последици од ковид“, вели британскиот виролог Стефан Грифин.

Тешко е да се процени успехот на терапиите на „Мерк“ и „Фајзер“ затоа што компаниите сеуште не ги објавиле податоците од клиничките испитувања.

Францускиот виролог Карин Лакомб предупредува дека објавите на фармацевтските компании треба да се земат со претпазливост се додека нивните испитувања не ги поминат научните рецензии.

Лакомб смета дека таблетите би можеле да им донесат „потенцијално голем“ пазар.

Независни експерти велат дека некои елементи укажуваат на тоа дека „Мерк“ и „Фајзер“ не даваат лажни ветувања. Двете компании клиничките испитувања ги прекинале порано од што се очекувало со благослов на независните надзорни одбори, затоа што резултатите биле навистина многу добри.

За антидепресивот „флувоксамин“, пак, податоците се достапни и тие наидоа на некои приговори.

Неколку научници им приговорија на авторите на студијата дека не се ограничиле само на проценка на зачестеноста на хоспитализацијата туку анализирале и зачестеноста на продолжениот престој на лечење во болница, што по нивно мислење ја комплицира интерпретацијата на податоците.

„Молнупиравир“ на „Мерк“ е веќе одобрен во Велика Британија. Тамошните здравствени власти му дадоа зелено светло за лечење на лица подложни на поголем ризик од развој на тешка клиничка слика, како што се повозразните, подебелите и дијабетичарите.

Неколку земји веќе порачале количини на „молнупиравир“. Соединетите Американски Држави, на пример, очекуваат да им стасаат 1,7 милиони дози за што платиле 1,2 милијарди долари.

Американската порачка навестува и колку може да чини лекот. Со оглед на платената вредност, би значело дека петдневна терапија со „молнупиравир“ би чинела околу 700 долари.

„Фајзер“ сеуште не ја објавил цената на „паксловид“, но вети дета таа ќе биде прифатлива.

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно вирус ковид корона мерк пандемија таблети фајзер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.