Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Столтенберг за МИА: Влезот во НАТО значи дека 29 земји се залагаат да ве заштитат
Македонија

Столтенберг за МИА: Влезот во НАТО значи дека 29 земји се залагаат да ве заштитат

мај 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Северна Македонија испраќа јасен сигнал – Алијансата е подготвена да и посака добредојде на земјава во евроатлатнското семејство.

Ова е пораката, што ја испрати Столтенберг во интервјуто за МИА, кое го даде неспоредно пред неговата посета на Скопје, каде ќе се одржи состанокот на амбасадорите на земјите членки на Алијансата.

Вели со нетрпение чека повторно да го посети Скопје и порача дека ратификацијата на претпристапниот протокол добро напредува. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за можноста некои земји да не го ратификуваат протоколот, а според него членството на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Западниот Балкан и на целиот евроатлантски регион.

На состанокот на Северноатлантскиот совет очекува да се говори за интеграцијата на земјава во НАТО, но и за напредокот на реформите, меѓу кои и тие во сферата на правосудството. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за значењето на учеството на Северна Македонија на состаноците на Алијансата, но и за натамошниот развој на настаните во спорот меѓу Белград и Приштина.

Патувате за Скопје каде втори јуни ќе се одржи Северноатлантскиот Совет на НАТО, кој е поводот за овој настан и кои теми ќе се разговараат на овој состанок?

Со нетрпение чекам повторно да го посетам Скопје, овој пат со Северноатлантскиот Совет, тоа се 29-те амбасадори на сите земји сојузнички на НАТО. Нашата посета на Северна Македонија испраќа јасен сигнал: подготвени сме да ви посакаме добредојде во семејството на НАТО.

Во февруари го потпишавме пристапниот протокол. Ова беше историски момент за вашата земја и за Алијансата. Сега, Северна Македонија има место на масата на НАТО. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ни се придружи во април за годишнината на Алијансата, а подоцна во јуни министерката Шеќеринска повторно ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

За време на посетата на Северноатлантскиот Совет, очекувам да разговараме за интеграцијата на Северна Македонија во Алијансата, и вашиот напредок во главните реформи, вклучително и владеењето на правото, безбедноста, разузнавачкиот и одбранбениот сектор. Важно е да се продолжи чекорот во реформите додека се подготвувате за полноправно членство, а ние ќе продолжиме да ве поддржуваме на овој пат.

Како напредува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија?

На добар пат сме да ја примиме Македонија во НАТО. Ова беше возможно благодарение на посветеноста и храброста на лидерите во Скопје и Атина да изнајдат договор за спорот за името. Ратификацијата добро напредува и кога сите сојузници ќе го ратификуваат пристапниот протокол, Северна Македонија ќе стане триесетта членка на Алијансата. Членството во НАТО ќе донесе поголема безбедност и просперитет за сите луѓе во Северна Македонија. Ќе земете учество во развојот на политиките на НАТО. Вашиот глас ќе биде исто важен колку секој друг сојузник во носењето на одлуките кои треба да ги сочуваат безбедноста и просперитетот на нашите земји. Безбедноста е основа на просперитетот. Всушност веќе видовме дека странските инвестиции се зголемени за три пати во изминатата година. Вашето членство во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Западниот Балкан и на целиот евроатлантски регион. Тоа докажува дека напорната работа, реформите и посветеноста се исплатливи, и дека вратите на НАТО остануваат отворени.

Очекувате ли проблеми во процесот, посебно во однос на Турција, која формулираше услови во однос на ратификацијата, и дали имате порака за ова прашање?

Процесот на пристапување е сега во престолнините на 29-те сојузници, каде Протоколот ќе се ратификува согласно националните процедури и домашните закони. Неколку земји веќе ратификуваа. Временскиот рок за заокружување на пристапниот процес ќе зависи од тоа колку време е потребно за секоја земја членка да ги следни националните процедури за ратификација. Како што кажав, Северна Македонија ќе стане членка на НАТО штом сојузниците го ратификуваат пристапниот протокол. Не можам да кажам точно колку време ќе трае процесот, за Црна Гора беше потребна околу една година.

Северна Македонија веќе учествуваше во неколку состаноци на Алијансата, која е вредноста на македонското учество за НАТО?

Секој сојузник, без разлика на големината, придонесува за Алијансата и има еднаков глас во одлуките на НАТО. Ние веќе соработуваме од блиску. Силно придонесувате за регионалната стабилност на Западниот Балкан, нашите војски заедно служат во Косово и во Авганистан, ние сме многу благодарни за придонесите на Северна Македонија кон мирот и стабилноста. Да ја имаме Северна Македонија како следна членка на НАТО е повеќе од само додавање столче на масата. Станува збор за зајакнување на Алијансата и зацврстување на регионалната безбедност. Земјите од Западниот Балкан кои му се придружија на НАТО станаа извезувач на стабилност, на Западниот Балкан и пошироко. Стабилен Западен Балкан е во наш интерес. Приклучувањето кон НАТО значи дека Северна Македонија не е сама. Имате 29 други земји кои се залагаат да ве заштитат. Тоа е најсвечената заложба која една земја може да и ја даде на друга: еден за сите, и сите за еден.

Дијалогот помеѓу Белград и Приштина останува блокиран и натаму се разговара за размена на територии и поделби, дали има НАТО став по ова прашање и дали поделбата би значела безбедносен ризик?

НАТО ја поддржува нормализацијата на процесот помеѓу Приштина и Белград преку дијалогот кој го спонзорира ЕУ. Ова е единствен начин да се постигне долготрајно политичко решение за регионот и важно е ова да продолжи. Не може да има вистинска перспектива за подобра иднина на Балканот без целосно почитување на човековите права и правата на сите заедници. За НАТО дваесет години е приоритет стабилноста и мирот на Косово. Мандатот на Обединетите Нации за нашата мировна мисија, КФОР, останува неизменет. Ќе продолжиме да обезбедуваме безбедна и сигурна средина на Косово, за доброто на сите луѓе на Косово.

актуелно влез миа НАТО столтенберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.