Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Столтенберг и „централата” на НАТО денеска и утре во Скопје
Политика

Столтенберг и „централата” на НАТО денеска и утре во Скопје

јуни 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Централата“ на НАТО денеска и утре од Брисел ќе се пресели во Скопје.

Во земјава покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг, доаѓа и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на Алијансата.

Столтенберг и НАТО амбасадорите се очекува доцна попладне да пристигнат на „Меѓународниот аеродром Скопје“, каде е предвиден свечен пречек, по што ќе се упатат во Собранието.

Со највисоки државни и воени почести утре високите претставници на НАТО ќе бидат пречекани во Владата на Република Северна Македонија.

Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјата во Алијансата, како и за напредокот во реформите.

Во рамки на посетата ќе се одржи заеднички состанок на НАК со Комитетот за интеграција во НАТО, со кој претседава премиерот Зоран Заев.

Столтенеберг и високите претставници на НАТО доаѓаат во прва посета на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата.

Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки.

Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен.

Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

Во интервју за МИА, непосредно пред посетата на нашата држава, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, порача дека Алијансата е подготвена да ѝ посака добредојде на земјава во евроатлантското семејство.

И неговата оценка е дека ратификацијата на претпристапниот протокол добро напредува.

Кога сите сојузници ќе го ратификуваат пристапниот протокол, Северна Македонија ќе стане триесетта членка на Алијансата.

„За време на посетата на Северноатлантскиот совет, очекувам да разговараме за интеграцијата на Северна Македонија во Алијансата и вашиот напредок во главните реформи, вклучително и владеењето на правото, безбедноста, разузнавачкиот и одбранбениот сектор. Важно е да се продолжи чекорот во реформите додека се подготвувате за полноправно членство, а ние ќе продолжиме да ве поддржуваме на овој пат“, вели Столтенберг во интервјуто за МИА.

Членството во НАТО, истакна, ќе донесе поголема безбедност и просперитет за сите луѓе во Северна Македонија.

„Ќе земете учество во развојот на политиките на НАТО. Вашиот глас ќе биде исто важен колку секој друг сојузник во носењето на одлуките кои треба да ги сочуваат безбедноста и просперитетот на нашите земји. Безбедноста е основа на просперитетот. Всушност веќе видовме дека странските инвестиции се зголемени за три пати во изминатата година. Вашето членство во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Западниот Балкан и на целиот евроатлантски регион. Тоа докажува дека напорната
работа, реформите и посветеноста се исплатливи и дека вратите на НАТО остануваат отворени“, порача генералниот секретар на НАТО.

актуелно НАТО столтенберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.