Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 17 и 18 јануари доаѓа во Македонија. Домаќин на Столтенберг ќе биде премиерот Зоран Заев, а генералниот секретар на Алијансата е планирано да оствари повеќе средби во земјава.
Посетата на првиот човек на НАТО се совпаѓа со новата рунда разговори со медијаторот Нимиц во Љујорк, кога според експертската јавност се очекува да започнат суштинските разговори за името.







