Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стотици бензински пумпи во Германија на работ на банкрот
Економија

Стотици бензински пумпи во Германија на работ на банкрот

февруари 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Никогаш немало толку голема разлика во цената на горивото меѓу Германија и Полска. Затоа германските возачи сè почесто одат по бензин преку граница. И затоа германските бензински пумпи бараат помош од државата, пишува „Дојче веле“.

Горивото на германските бензински пумпи бележи рекордни цени. Возачите мора да користат апликации кои покажуваат каде е најевтиното гориво за да можат овие денови да најдат бензин под 1,80 евра за литар или дизел под 1,60 евра. Често е поскапо – затоа што германските бензински пумпи ги менуваат цените во просек по пет пати на ден.

Но, оние што живеат во близина на источната германска граница со Полска најдоа едноставно решение – само ја преминуваат границата и го полнат резервоарот.

Затоа што, по намалувањето на данокот на додадена вредност, горивата во соседната земја преку ноќ поевтинија за нови десетина центи по литар. Сега бензинот е поевтин од Германија за 60 центи за литар, а дизелот за 45. Кој ќе наполни до врв, заштедува триесетина евра.

„Продажбата на гориво во Германија, во подрачјата во близина на полската граница, во јануари падна за околу 50 отсто. Полските бензински пумпи, пак, известуваат дека нивниот промет е зголемен за 50 отсто“, вели загрижено Јирген Цигнер, шеф на Централната асоцијација на сопственици на бензински пумпи.

Како што пренесува „Ди Велт“, околу 300 до 400 бензински пумпи во Германија би можеле да банкротираат поради големата разлика во цената во однос на Полска. Крајниот исток на Германија, кој претходно припаѓаше на ГДР, и онака е најмалку развиен и населен. Таму густината на бензинските пумпи е најмала во целата држава.

Кога нема автомобили што точат, помалку се и оние кои наминуваат во малата продавница на пумпата. А бензинските пумпи заработуваат две третини од приходите не од гориво, туку токму од тие ситници – пијалоци, цигари, води, сокови, сендвичи…

„Ди Велт“ наведува дека Здружението на сопственици на централни бензински пумпи им пишало на сојузните министри и локалните политичари, барајќи некаков вид фонд за спас на претежно малите претприемачи кои изнајмуваат и водат бензински пумпи.

„Досега не добивме одговор од министерствата“, рече Цигнер.

Бензинските пумпи, вели тој, некако треба да се одржуваат до лето. Тогаш, имено, во Полска истекува привременото намалување на данокот на додадена вредност.

актуелно банкрот бензин германија данок нафта Полска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.