Едно лице загина како последица на пожарот во трговскиот центар „Мега Химки“, соопштија од Главната управа на Министерството за вонредни состојби на Московската област.
„Ја потврдуваме смртта на едно лице“, соопштија од прес-службата на министерството.
Пожарот избувнал во шест часот утрово во продавницата „ОБИ“, во трговскиот центар „Мега Химки“.
Се запали покривот на површина од 150 метри квадратни. На пожарот му беше доделен четвртиот број на сложеност, од пет колку што се.
Според службите за итни случаи, главните причини за вонредната состојба се неисправна опрема и прекршување на правилата за заштита од пожари за време на работата.
Првичната верзија за подметнување на пожарот не е потврдена.
Гаснењето беше комплицирано поради дизајнерските карактеристики на објектот, што придонесе за создавање воздушни струи и уривање на покривот.
Во 8 часот и 25 минути пожарот бил локализиран на површина од седум илјади квадратни метри.
Како што информираат медиумите, во зоната на запалениот трговски центар се слушнале пригушени експлозии.
Службите за итна помош предупредија дека лимени кутии со бои и аеросоли почнале да експлодираат.
Огнот во „ОБИ“ не ги зафатил другите делови од трговскиот центар. Но, и покрај ова, денеска трговскиот центар ќе биде затворен.
Сообраќајот во областа околу „Мега Химки“ се одвива делумно отежнато, метеж имало долж автопатите Машкински и Новокуркински.
(Фото: АФП)







