Белата куќа вчера им даде на владините агенции 30 дена да се погрижат да ја немаат апликацијата Тик Ток на федералните уреди и системи.
„Во обид да се зачуваат податоците во САД, сите федерални агенции мора да го елиминираат Тик Ток од телефоните и системите“, изјави директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет, Шаланда Јанг, во меморандумот со упатства, известува Ројтерс.
Забраната, која ја наложи Конгресот кон крајот на минатата година, следеше по слични акции на Канада, ЕУ, Тајван и повеќе од половина од американските држави.
Забраната, иако се однесува на мал дел од корисници на Тик Ток во САД, додава гориво на повиците за целосна забрана на апликацијата за споделување видеа.
Загриженоста за националната безбедност во врска со Кина се зголеми во последните недели откако кинески балон лебдеше над САД.
Бит Денс, сопственикот на Тик Ток, вели дека загриженоста е поттикната од дезинформации и негираше дека апликацијата ја користел за шпионирање на Американците.
Акцијата не се однесува на повеќе од 100 милиони Американци кои користат Тик Ток на приватни уреди или уреди кои во сопственост на компанија.







