Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Странските и домашните компании може да соработуваат, но засега соработката оди тешко
Економија

Странските и домашните компании може да соработуваат, но засега соработката оди тешко

ноември 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Има можности за соработка на странските инвеститори со домашните компании, но соработката оди многу тешко бидејќи домашните компании не се подготвени на ризик и немаат стратешки визии, сметаат странските инвеститори.

Аврам Стојчевски, претседател на Асоцијацијата на автомобилска индустрија при Советот на странски инвеститори во Стопанската комора на Македонија, вели дека домашните компании би имале бенефит од соработката со странските инвеститори бидејќи нивниот производ не останува само во Македонија, туку му се отвораат вратите и на пазарот надвор од државата.

„Не е точно дека странските компании не сакаат да соработуваат со домашните компании. Одговорно тврдам дека сакаме да соработуваме, истакна Стојчевски на денешниот бизнис форум посветен на соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании што го организира Советот на странски инвеститори.

Странските инвеститори препорачуваат да се направи и разлика меѓу странските компании кои вложуваат во ТИРЗ зоните и оние кои инвестираат надвор од нив.

„Субвенциите одат во ТИРЗ зоните, а има и други странски компании кои дејствуваат како локални фирми. Од 136 членки кои ги имаме во Советот на странски инвеститори, околу 120 се странски компании кои се перципираат како домашни компании и тие плаќаат даноци. Десетте топ компании прават обрт од 1,5 милијарди евра и притоа плаќаат даноци од 15 милиони евра годишно без да добијат субвенции, а вработуваат околу 10 илјади работници од Македонија, посочи Шефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.

Анализите покажуваат дека во моментот странските компании кои користат директна државна помош соработуваат само еден процент со домашните компании и тоа во делот на набавката на храна, чистењето и обезбедувањето.

Од Владата најавуваат дека за две недели ќе ја објават програмата  за економски раст која е насочена кон добивање на резултати и која има јасни критериуми, а со која подеднакво ќе бидат третирани и странските и домашните компании. За нив, од Буџетот се очекува да бидат одвоени околу 30 милиони евра.

„Ги стимулираме странските компании да ја зголемат соработката со домашните компании. Доколку странска компанија над 10 проценти од набавките ги извршува од македонски компании, Владата ќе ги поддрши со еден процент од вкупно направените набавки, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Дел од мерките предвидуваат и секоја компанија која ќе креира ново работно место и притоа преземе најмалку 80 проценти од новокреираните работни места од Агенцијата за вработување, директно од образовниот систем или од администрација, ќе добие 20 проценти поврат од нето платата, ако даде плата над 18 илјади денари. Поддршка ќе добијат и оние компании кои ќе имаат пораст на приходите поголеми во споредба со просекот од последните три години и доколку не го намалат бројот на вработени, како и компании кои направиле нова инвестиција или се извозно ориентирани.

Странските инвеститори се задоволни од мерките, но сметаат дека она на што треба државата да посвети внимание е поддршка на иновативните решенија, поголема фексибилност на финансискиот и банкарскиот сектор и надоградба на образованието соодветно на потребите на странските инвеститори.

актуелно инвеститори Кочо Анѓушев образование стопанска коора тирз
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.