Најмалку 31 лице загинаа, а околу 70 други се повредени денеска во железничка несреќа во провинцијата Семнан во северен Иран.
Несреќата се случила 250 километри источно од главниот град Техеран, кога патнички воз се судрил со друга композиција.
При судирот четири вагони излетале од шините, а во два од нив избувнал пожар.
Се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.
Приближно 17.000 луѓе годишно во просек загинуваат во сообраќајни несреќи во Иран и тоа главно поради непочитување на правилата, но и заради стари превозни средства и низок квалитет и ефикасност на итната помош.









