– Заради пандемијата и годинава нема да се организираат големите карневалски манифестации како што се главната карневалска вечер со дефиле на карневалските групи, која требаше да се одржи на 13 овој месец, маскенбалот и детскиот карневал, соопштија од Организицискиот одбор на струмичкиот карневал.
Од Одборот најавуваат дека се планира одржување на помали собири поврзани со карневалот.
-Струмичкиот карневал 2021 годинава ќе се одржи од 11 до 17 март, но без традиционалната карневалска поворка, маскенбал, детски карневал и маскирања воразлични креации. Со почитување на протоколите за јавнинастани во време на пандемија, планираме да се одржи изложба накарикатури, промоција на монографија.
Чист понеделник со делење напосен грав на плоштадот, изведување на традиционалниот Тримерскиобичај, предавање на клучот од градот на карневалистите и слично,појаснуваат од Одборот.
Програмата со активностите и местата на одржување на настаните од 11до 17 март ќе бидат објавени пред почетокот на карневалската недела во Струмица.