Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сугарески: Граѓаните на Република Македонија, се оштетени за околу 100 милиони евра.
Македонија

Сугарески: Граѓаните на Република Македонија, се оштетени за околу 100 милиони евра.

јули 28, 2017Updated:јули 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за Транспорт и врски, Горан Сугарески во прес центарот за медиуми изјави дека уште на почетокот на мандатот на оваа Влада информирале дека затекнале фрапантна состојба со незамисливи грешки на неколку делници од автопатот Кичево – Охрид. Поради овие грешки, државата, односно, граѓаните на Република Македонија, се оштетени заоколу 100 милиони евра.

За жал, милионски штети кои ќе одат на финансиски товар на граѓаните се предизвикани и при изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, а причина затоа е неодговорното работење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ вели Сугаревски.

Со внимателната проверка на архивите и фактите, дојдовме до овој документ насловен како „Информација за потребата од склучување анекс кон договорот за изградба на патната делница миладиновци – Штип заради продолжување на рокот на изградбата“.

Овој документ ни предочува дека во април оваа година, на само неколку дена пред рокот, кога автопатот Миладиновци – Штип требаше да биде предаден во употреба, министерот за транспорт и врски на претходната Влада, доставил информација до Владата, дека во вкупен обем, дури 32 отсто од работите на патот не се завршени.

Повторувам: на само два-три дена до истекот на рокот за изградба на овој автопат.

Значи: знаеле за пропустите, знаеле за штетата која е направена врз граѓаните, а пред јавноста ја скриле оваа многу важна информација.

Ова е информација која потврдува дека целата оваа инвестиција од 206 милиони евра ја реализирале со бројни пропусти. Тие пропусти се прецизно наведени во документ што бил доставен до првиот човек на тогашната влада. Листата на пропусти е долга и скапа.

Во таа листа ќе најдете детали за пропусти и за неизвршени работи што биле во надлежност на министерството или на јавното претпријатие за државни патишта.

Од кинеската компанија „Синохидро“ побарале уште една година за работа на терен, но и дополнителни пари за покривање на сите пропусти – пари на граѓаните!

Тоа значи дека уште дополнителни, сега засега, 20 милиони евра, пари на граѓаните на Република Македонија, ќе бидат потрошени како резултат на неодговорното и нестручно однесување на претходната влада.

За ова јавноста воопшто не била информирана.

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Кога ги најавувавме принципите на работа на новата, актуелна Влада, рековме дека ќе бидеме одговорна власт која работи транспарентно и отчетно, без злоупотреба на државните ресурси за лични или партиски потреби.

Во исто време, најавуваме дека проблемите што ги наследивме од нашите неодговорни претходници, за кои речиси секојдневно откриваме нови штетни практики – ќе ги решиме. Ние нема да одолговлекуваме и да се жалиме за состојбата и штетите што ги наследивме, но вистината секогаш ќе ја соопштуваме.

Уште еднаш велам, проблемите ќе ги надминеме, а автопатите ќе бидат завршени рече Сугарески.

актуелно вмро-дпмне македонија миладиновци штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.