Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сугаревски и Китанов извршија увид во изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп
Економија

Сугаревски и Китанов извршија увид во изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп

септември 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и  директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, извршија увид во изградба на експресниот пат Градско – Прилеп.

Изградбата на експресниот пат се одвива во три фази и тоа:  Првата делница од Градско до Дреново во должина од 16 километри, втората делница од клисура Дреново до Фариш во должина од 10 километри и третата делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента од с. Беловодица до каменолом Маврово во должина од 7,5 километри.

Вкупниот прогрес на градежните работи е 20%, во тек е изведба на мостовските конструкции како и земјени работи.

Министерот Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Китанов, денеска извршија увид во изградба на втората фаза од овој експресен пат.

“Наследивме огромни проблеми што се јавија при изградба на оваа фаза, проблеми со експропријацијата, со проектираниот тунел и со археолошки наоѓалишта. Но со директорот континурано преговараме со изведувачот како да ги надминиме овие проблеми и да ја забрзаме изградбата.  Мислам дека сме на добар пат, наскоро ќе се потпише анекс на договорот за да утврдиме краен рок за изградба и Ве уверувам дека ќе се држиме до тој рок.  Друга работа што сакам да спомнам е дека во тек е изградба и на делницата од Градско до Дреново, а исто така да најавам и дека наскоро ќе се распише тендер за последната делница од Прилеп до мост на Ленишка река и проширување на делот кај Каменоломот. Средствата за оваа делница се веќе обезбедени од ИПА, така да ја имаме заокружено целата финансиска рамка за изградба на овој пат”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во однос на значењето на експресниот пат, министерот Сугарески потенцираше дека оваа е една од клучните патни делници што ја поврзува Пелгонија и регионот, заради побрз и безбеден превоз на стока и патници.

Директорот на ЈП за државни патишта информираше дека  наследените состојби се надминуваат а во наредниот период ќе се забрза динамиката на изградба.

“Кога прват извршивме увид во изградбата наидовме на многу субјективни и објективни проблеми. Но во изминатиот период посветивме многу време на разрешување на сите проблеми и верувам дека во наредниот период ќе ги динамизираме работите. Исто така сакам да појаснам дека како продолжение на овој експресен пат, се планира и проширување на патниот правец од Прилеп до Битола за што се изработува проект, се реконструира обиколницата Битола а планираме и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија” изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Вкупната инвестиција за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп е околу 60 милиони евра, средства обебзедени од ИПА 2, од ЕБОР како и од буџетот на Република Македонија.

актуелно градско дреново ИПА Пелагонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.